Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Model S доби гаранција за неограничен број на изминати километри
 
Spodeli
21 August 2014, 16:10


Tesla Model S доби гаранција за неограничен број на изминати километри Tesla Model S Tesla Model S доби гаранција за неограничен број на изминати километри
Реакција која следува откако изминатите недели Tesla Model S се најде на мета на медиумите за автомобилизам поради лошиот квалитет ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Edmunds и Consumer Reports ги објавија првите резултати од своите маратон-тестови кои покажаа дека Model S се' уште се бори со „детски болести“. За период помал од две години (колку што бил тестиран автомобилот), новинарите се соочиле со цела низа проблеми - од „непослушни“ брави и дисплеи па се' до целосна замена на погонот и батериите.

Сите поправки биле покриени со гаранцијата, но многумина се запрашаа - што ќе се случува кога истата ќе истече.

Во Tesla уште еднаш покажаа дека веруваат во својот производ, дури и кога другите се скептични.

Кај верзијата на Model S со батерија која има капацитет од 85 kWh а чија гаранција досега беше лимитирана на четири години и 50.000 милји истата се зголеми на осум години и неограничен број на изминати милји. И сопствениците на послабата верзија на Model S која користи батерија со капацитет од 60 kWh добија зголемена гаранција што исто така изнесува осум години.

Гаранцијата се однесува и на клиенти кои имаат половен Model S.

Ваквите потези на производителите се пресудни во автомобилската индустрија, па може да се заклучи дека постапката на Tesla сигурно ќе ги смири сопствениците и потенцијалните купувачи на популарниот електричен седан.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил