Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Први сознанија за следната генерација на VW Golf
 
Spodeli
21 August 2014, 14:51


Први сознанија за следната генерација на VW Golf  Први сознанија за следната генерација на VW Golf
Осмата генерација на Golf на пазарот би требало да пристигне за околу пет години, но нејзиниот развој веќе започна...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Главната цел на водечките експерти од Volkswagen е дополнително намалување на потрошувачката и емисијата на штетни гасови. Се разбира, ова е иницирано од се' построгите еколошки прописи што ќе треба да ги задоволуваат идните автомобили.

Тоа е причината зошто уште од самиот старт големо внимание е посветено на аеродинамиката, при што треба да се спомене дека особено влијание врз дизајнот на новиот Golf би требало да има моделот XL1. Со други зборови, можеме да очекуваме малку пониско возило со флуидни линии, но и покрај тоа лесно препознатливиот Golf дизајн во голема мера би требало да остане непроменет.

Благодарение на модуларната MQB платформа вкупната тежина на возилото би требало да се намали, а целта е да се постигне тежина помала од 1.100 kg, барем за почетниот дел од понудата. Во однос на материјалите кои ќе се користат за производството на овој модел не треба да се очекуваат поголеми промени, бидејќи во Volkswagen дефинитивно треба да внимаваат и на трошоците за производство.

За намалување на потрошувачката на автомобилот ќе помогнат и разни други технички решенија, а наводно се размислува и за вградување на систем за складирање на кинетичката енергија, кој би овозможил дополнителна моќ од 40 КС.

Според првичните информации во понудата би бил вклучен и електричен турбо полнач, кој пред се' би се користел кај моторите со помала зафатнина.

Сето ова, заедно со многу други решенија, како на пример моторот со променлива компресија на чиј развој се работи во моментов, ќе овозможи осмата генерација на Golf да биде еден од најекономичните модели некогаш направени.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил