Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Skoda ја претстави третата генерација на моделот Fabia
 
Spodeli
19 August 2014, 23:19


Skoda ја претстави третата генерација на моделот Fabia Škoda Fabia Skoda ја претстави третата генерација на моделот Fabia
Новата Fabia својот прв јавен настап ќе го има на претстојниот саем за автомобили во Париз, додека пак продажбата ќе започне на самиот крај од оваа или почетокот на следната година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Емоционален и практичен - така во Skoda го опишуваат својот нов градски модел кој ја заменува, според многумина, пропорционално нескладната и премногу „коцкеста“  актуелна генерација. Врз основа на првите официјални фотографии може да се каже дека станува збор за автомобил со интересен и атрактивен дизајн. Новитетот е од популарна класа во која што постои огромна конкуренција - новата Skoda Fabia ќе има ривали како VW Polo, Peugeot 208, Renault Clio, Toyotа Yaris и сл.

Сега веќе претходната, втора генерација на Fabia на пазарот се задржа долги седум години, па токму затоа големи се очекувањата од свежиот новитет на Skoda. Една од позитивните страни е фактот што Fabia е вториот најпродаван автомобил од овој производител, веднаш зад Octavia, а со оглед на новите тенденции на европскиот пазар каде што се' почесто се бараат помали модели, којзнае, можеби новата Fabia ќе го заземе и врвот на понудата од Skoda.

Колку за потсетување, да споменеме дека минатата година продажбата на Fabia падна под 200.000 примероци, но веќе од следната се очекува значително зголемување на оваа бројка. За остварување на таквата цел во голема мера би требало да помогне и младешкиот и модерен изглед на новиот модел кој успешно ги комбинира линиите препознатливи за неговото семејство со атрактивен и модерен дизајн.

Надворешниот изглед делумно ја најавува новата насока во дизајнерскиот јазик на Skoda кој се опишува како „поекспресивен, поостар и поемотивен“. Меѓу поинтересните детали во поглед на дизајнот е линијата tornado, која се протега по целата должина на автомобилот, а големо внимание привлекуваат и рачките на вратите кои неодоливо наликуваат на оние што имавме прилика да ги гледаме на тековната генерација од моделот Octavia.

Новата Fabia останува пократка од 4 метри, но е за 30 mm пониска и за 90 mm ​​поширока во однос на својот претходник. Ова секако влијае на просторноста во патничката кабина, но исто така придонесува и за подинамичен односно помодерен надворешен изглед. Капацитетот на багажниот простор ќе изнесува околу 330 литри или 1.195 литри со повлечени задни седишта, што воедно претставува и најголемиот простор за товарање кој се нуди во овој сегмент.

Колку што е засега познато новата Fabia ќе се базира на надградена верзија од актуелната PQ26 платформа, при што доработката ќе овозможи вградување на најновите мотори и менувачи од Volkswagen групацијата, користење на најсовремени системи за безбедност и забава, а исто така директно ќе влијае и врз вкупната тежина на автомобилот која би требало да се намали за околу 65 килограми. Иако полесен, новиот модел сепак би бил поцврст и поиздржлив што секако придонесува за поголема безбедност на патниците.

Skoda веќе потврди дека новата Fabia ќе биде понудена во хечбек и караван изведби. За моторизацијата се задолжени агрегати во согласност со Euro 6 стандардите, предводени од 1,0-литарскиот MPI бензински мотор со моќност од 60 КС (44 kW), по кој следат четири цилиндричниот 1.2 TSI со 110 КС (81 kW), како и новиот три цилиндричен 1.4 TDI со 75 и 105 КС, односно 55 kW и 77 kW.

Сите мотори ќе бидат поврзани со Start/Stop систем, регенеративно кочење и мануелен менувач, додека пак автоматскиот DSG менувач со две спојки би требало да биде дел од дополнителната опрема кај четири цилиндричните агрегати.

Изведбата придвижувана од 1.4 TDI моторот со 75 КС ќе биде достапна во економична Greenline верзија со гуми со низок отпор на тркалање и подобрена аеродинамика, при што нејзината просечна потрошувачка би изнесувала околу 3,1 литар на 100 километри со емисија на CO2 од 82 g/km.

Оние кои се надеваа на спортска RS изведба веќе дефинитивно можат да се откажат од ваквата замисла. Наместо тоа, Чесите ќе понудат т.н. Monte Carlo верзија, која ќе им овозможи на клиентите да ја изберат бојата на покривот, страничните ретровизори и алуминиумските тркала.


Škoda Fabia
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил