Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Тод им порача на србите: Не можете само така да влезете во Формула 1
 
Spodeli
11 February 2010, 12:42


Тод им порача на србите: Не можете само така да влезете во Формула 1  Тод им порача на србите: Не можете само така да влезете во Формула 1
Новиот претседател на интернационалната автомобилистичка асоцијација (ФИА), Жан Тод, објави дека новите тимови смеат да ги пропуштат првите три трки без последици, а и доколку се откажат од Ф1 тоа нема влијае врз СтефанГП....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Двете нови Ф1 екипи, УСФ1 и Кампос, паднаа во тешки финансиски проблеми и постојат реални шанси да не се појават на стартот од новата сезона на 14-ти март во Бахреин.

Иако според старите правила тоа би значело автоматско губење на местото во елитното авто-мото натпреварување, се чини дека двата тима сепак ќе се извлечат некако.

Имено, Жан Тод објасни дека според новите правила тимовите имаат право да ги пропуштат првите три трки пред елиминација од Ф1. Понатаму, мора да се појават на стартот на 18-ти април во Кина, на четвртата трка сезонава.

Таквата стиауција не му оди во полза на српскиот тајкун Стефановиќ и неговиот тим СтефанГП, кој сеуште се надева на место во Формула 1 место некој од финансиски ослабнатите тимови.

Иако Еклстон им даде подршка, првиот човек на ФИА не сака да му дава лажни надежи на српскиот сопственик на Ф1 екипата базирана врз минатогодишниот болид на Тојота.

„Во Конкорд договорот пишува дека секој тим има право да пропушти три трки. Но, доколку некоја екипа се откаже од шампионатот тоа не значи дека наместо неа мора да влезе друга.“

„За тоа дали во натпреварување ќе се вклучи друг тим и дали ги исполнува барањата ќе одлучи ФИА.“ - изјави Тод за италијанскиот спортски весник „Газето дело Спорт“, кој уште еднаш предупреди дека Формула 1 мора да ги скратува трошоците ако сака да опстане:

„Мора да ги намалиме трошоците, да го подобриме шоуто и да привлечеме маркетиншки партнери. Светот се менува и тоа Ф1 мора да го разбере.“

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил