Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Еклстон сака српски тим во Ф1 веќе оваа сезона!
 
Spodeli
11 February 2010, 12:37


Еклстон сака српски тим во Ф1 веќе оваа сезона!  Еклстон сака српски тим во Ф1 веќе оваа сезона!
Првиот човек на најелитното авто-мото натпреварување Берни Еклстоун е убеден дека двата нови тима, Кампос и УСФ1, нема да се појават на стартот од сезоната во Бахреин, и би сакал наместо нив да го види тимот на СтефанГП...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

И додека великаните како МекЛарен, Ферари и Мерцедес се поинтензивно се подготвуваат за новата Ф1 сезона, некои тимови се уште не ги ни претставиле своите болиди и не е познато кога и дали ќе го направат тоа.

Од четирите нови Ф1 екипи две се во одредени финансиски проблеми. Кампос и УСФ1. На предсезонските тестирања сигурно нема да ги видиме, а прашање е дали нивните болиди ќе бидат подготвени до 14-ти март и Големата награда на Бахреин.

Иако и од двата тима доаѓаат оптимистички најави, Берни Еклстон смета дека двете финансиски погодени тимови не треба сериозно да се размислува.

„Мислам дека нема да ги гледаме Кампос, и верувам дека нема да ги забележиме ниту американците.“ - изјави Берни за „Express newspaper“.

Еклстон пат голема подршка му дава на српскиот богат сопственик Стефановиќ и неговиот тим СтефанГП, кој иако не доби место во Ф1 за наредната 2010-та година, го подготвува својот болид за секој случај доколку ФИА сепак одлучи да го повика.

„Имаат финансиска подршка и од страна на српската Влада, така што тимот е максимално осигуран кога станува збор за финансиските проблеми, а оваа информација ми ја даде директно премиерот на Србија.“ - вели Берни, кој мисли дека СтефанГП би требало да влезе во Ф1 оваа сезона.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил