Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Подолг тест период открива многу проблеми со Tesla Model S
 
Spodeli
06 August 2014, 16:59


Подолг тест период открива многу проблеми со Tesla Model S Tesla Model S Подолг тест период открива многу проблеми со Tesla Model S
Кај еден автомобил биле извршени 28 поправки за помалку од 2 години...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тестирањето на новите автомобили и презентацијата на резултатите во пошироката јавност е полезен и рационален потег, но повеќето од овие информации се базираат врз основа на мислења кои авторите ги стекнале во период, што за жал не е воопшто долг.

Така на пример ваквите тестови поминаа доста позитивно за Tesla Model S - автомобил кој беше облеан со пофалби, иако самиот чин на тестирање најчесто трае само неколку дена. Поради големиот број на позитивни критики, потенцијалните клиенти беа наведени да помислат дека единственото нешто за кое треба да се грижат кај ова возило е нивото на енергија во батериите.

Сепак, неодамна светлото беше насочено во сосема поинаква насока. Екипата од Edmunds.com - американски сајт специјализиран за автомобили, својот Tesla Model S го купила уште на самиот почеток, за време на првите испораки. Верзијата со батерија чиј капацитет изнесува 85 kWh, била набавена по цена од 105.000 долари. Иако новинарите од овој сајт ја фалат брзината, удобноста и технолошката софистицираност на автомобилот, сепак истиот тешко би им го препорачале на крајните купувачи.

Се прашувате зошто?

Бидејќи во период од 17 месеци, конкретно врз нивниот автомобил биле извршени 28 интервенции, меѓу кои имало и неколку навистина сериозни. Според информациите на Edmunds.com, автомобилот три пати бил подложен на промена на погонскиот склоп, еднаш била сменета батеријата, големиот екран чувствителен на допир го рестартирале девет пати за да на крајот го заменат со нов, а имало и ситуација во која Tesla Model S ги оставил на сред улица по што биле принудени да чекаат влечна служба.

Од Edmunds.com истакнуваат дека нивниот автомобил бил меѓу првите произведени модели, така што во поновите верзии повеќето од овие проблеми се веќе отстранети, а и сите услуги за сервис се бесплатни додека автомобилот е под гаранција, но и покрај ваквите аргументи, тешко е да се остане рамнодушен на листата на проблеми со кои се соочил тимот на американскиот сајт.

Во одбрана на Tesla може да се каже дека нивните вработени имаат позитивен став кон клиентите и волја да реагираат брзо за да ги елиминираат сите недостатоци кои евентуално би се појавиле.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил