Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Три причини зошто Tesla успеа таму каде што другите пропаднаа
 
Spodeli
30 July 2014, 17:58


Три причини зошто Tesla успеа таму каде што другите пропаднаа  Три причини зошто Tesla успеа таму каде што другите пропаднаа
На компанијата и' беше потребна цела деценија за да прерасне во она што е денес...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Минатиот месец Tesla го потресе автомобилскиот свет со најавата дека планира во САД да изгради нова фабрика т.н. Gigafactory. Во неа компанијата ќе произведува батерии, а најавениот квантитет на производство е еквивалентен со оној на светско ниво, така што слободно може да се каже дека Tesla всушност двојно ќе го зголеми глобалното производство на батерии за електрични автомобили.

Оваа информација, сама по себе, можеби и не е толку бомбастична - чести се примерите на компании и индустрии кои остваруваат брз раст за кратко време. Она што ја прави најавата на Tesla толку важна, е дека доаѓа само по неколку години откако компаниите за производство на батерии A123 и Valence Technology целосно банкротираа и отидоа под стечај, големи корпорации како Bosch и Dow Chemical ја напуштија индустријата, а производителите на електрични автомобили Fisker и Bright Automotive безнадежно ги затворија своите врати.

Затоа неизбежно се наметнува прашањето како Tesla успеа да напредува во индустрија која речиси беше прогласена за мртва?

По однос на ова прашање експертите издвојуваат три главни причини. Дознајте ги во продолжение...

1. Препознавање и поседување на својот најскап дел

Tesla донесе навремена одлука во однос на батериите што ги вградува во своите модели. Компанијата склучи договор со Panasonic врз основа на кој купуваше мали цилиндрични батериски ќелии од производителот, што потоа ги искористи со цел да изработи комплетно свој систем.

Честопати се случуваат несогласувања меѓу батериите што се на располагање и системот на возилото во кое треба да се вградат. Бидејќи Tesla самостојно ги дизајнира своите возила, од почеток до крај, има можност ги усогласи батериите со дизајнот на возилото, со што се заштедуваат време и ресурси кои инаку се неопходни за интеграција на батериите.

2. Избегнување на нови и непознати технологии

Во моментов кружат информации дека Tesla заедно со Panasonic работи на втората генерација на батериски ќелии, но се очекува дека нивното производство ќе започне дури откако компанијата ќе стекне доволно углед и препознатливост што ќе овозможи флексибилност за тестирање на нов производ. За разлика од своите конкуренти, Tesla се одлучи да работи со веќе позната технологија, со што уште на самиот старт го намали ризикот во работењето.

3. Сигурни вложувања на долгорочен план

Пазарот за електрични возила не е место на кое може да се дојде до брза и лесна заработка. Иако во последно време оваа гранка бележи раст, сепак за повеќето батерии и возила се потребни од 5 до 8 години за да донесат некаков профит. На Tesla и' беше потребна цела деценија. Многу брзо откако ги објави плановите за изградба на нова фабрика, компанијата ги направи своите патенти достапни за конкурентите, дозволувајќи му на било кој друг производител да ја користи технологијата на Tesla. Ваквата понуда особено се однесуваше на батериите, потег со кој компанијата драстично ја зголеми побарувачката за еден свој производ. Којзнае, можеби новата фабрика е почеток на една долгогодишна доминација.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил