Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Model 3 - новиот електричен автомобил од Tesla Motors
 
Spodeli
17 July 2014, 01:50


Model 3 - новиот електричен автомобил од Tesla Motors Tesla Model 3 * Model 3 - новиот електричен автомобил од Tesla Motors
Од Tesla Motors открија дека нивниот електричен автомобил од следната генерација ќе го носи називот Model 3 и дека истиот официјално ќе биде претставен во 2016-та, додека пак неговата продажба ќе започне во текот на 2017-та година ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Основачот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, во неодамнешно интервју истакна дека новото возило ќе биде ривал на BMW Серија 3. Иако првичната идеја на Маск беше автомобилот да се нарекува Model E, сепак тој се откажа од ваквата намера откако Ford се огласи дека веќе имал во план да го користи називот, притоа заканувајќи се и со тужба. Развојот на настаните влијаеше да биде прифатено името Model 3.

Model 3 ќе биде помал од Model S, а веќе се најавува дека истиот ќе чини околу 35.000 долари како резултат на употребата на поевтини батерии кои Tesla ќе ги изработува во новата т.н. Gigafactory.

Автомобилот, исто како и Model S, ќе се одликува со извонредни перформанси и автономија од околу 320 километри.

И покрај тоа што Auto Express неодамна објави неофицијални слики кои навестуваат како би изгледал Model 3, вистинскиот изглед на автомобилот се' уште не е познат, а од Tela Motors изјавија дека тоа се само скици кои што познатиот магазин ги направил врз основа на свои сознанија.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил