Неодамна во Лос Анџелес се случи страшна сообраќајна несреќа, откако човек успеал да украде луксузен електричен автомобил Tesla Model S, по што почнал да дивее по фреквентните улици со 150 km/h.
Атрактивниот автомобил бил украден во вечерните часови од салонот на локалното застапништво, а по дојавата од страна на вработените, полицијата тргнала во потера по крадецот.
Во текот на бркотницата еден од полициските автомобили загубил контрола и се оштетил, но крадецот и натаму го продолжил своето бегство со голема брзина и по неколку километри ја доживеал истата судбина.

Возилото Tesla Model S со брзина од околу 150 km/h нелетало на два автомобила и бандера, при што автомобилот се преполовил од силината на ударот и задниот дел се заглавил меѓу двата ѕида на блиската синагога.
Батериите задолжени за придвижување на електричниот автомобил завршиле во пламен, а иако делува неверојатно, возачот успеал да го преживее судирот и завршил во болница.
Вкупно пет лица биле повредени во несреќата, од кои две посериозно.
|