Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Хибриди > S класа што троши само 2,8 l/100 km
 
Spodeli
13 July 2014, 12:16


S класа што троши само 2,8 l/100 km Mercedes-Benz S Class - 2014 S класа што троши само 2,8 l/100 km
Кога во 2013-та година, Mercedes ја најави plug-in хибридната верзија на новиот S-Class, беше соопштено дека автомобилот ќе троши 3 литри гориво на 100 km. Во меѓувреме, германскиот производител успеа дополнително да ја намали потрошувачката...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Според најновите податоци објавени од страна на Mercedes, новиот модел, S500 Plug-in Hybrid со тежина од над два тона, во комбиниран режим би трошел 2,8 l/100 km. Од компанијата истакнуваат дека тоа ќе биде првиот луксузен седан од високата класа со потрошувачка на гориво помала од 3 литри.

Mercedes ги корегираше и податоците во однос на автономијата на електричниот погон, така што S500 Plug-in Hybrid ќе биде во можност да помине 33 km движејќи се исклучиво на електрична енергија.

И покрај големата тежина, автомобилот од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 5,2 секунди.

Како што претходно беше најавено, Mercedes S500 Plug-in Hybrid има хибриден погонски систем кој се состои од 3,0-литарски, твин-турбо, V6 бензински мотор и електромотор кој располага со 109 КС (80 kW) и 340 Nm.

Комбинираната моќност достигнува 442 КС (325 kW) и 650 Nm.


Mercedes-Benz S Class - 2014
 Дополнителна опрема (*. Pdf)




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Хибриди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил