Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Toyota го претстави градскиот превоз на иднината
 
Spodeli
11 July 2014, 19:01


Toyota го претстави градскиот превоз на иднината Toyota Mirai Toyota го претстави градскиот превоз на иднината
Француски град во подножјето на Алпите ќе стане пионер во новите тенденции во поглед на мобилноста...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Досега пишувавме за многу теории во однос на механизмите на идната мобилност, како и за иновации и идеи чија цел е да го направат јавниот превоз подостапен и пријатен во годините кои доаѓаат. Сепак, конкретни примери има многу малку и се' уште се далеку од целосна реализација.

Меѓутоа по летото, со почеток во новата учебна година, ваквите „визии од иднината“ ќе станат реалност во Гренобл. Имено овој француски град во подножјето на Алпите ќе стане пионер во новите тенденции во поглед на мобилноста.

Во октомври 2014-та година, 70 Toyota i-Road ултра-компактни електрични возила и 30 пунктови за напојување на овие превозни средства, ќе бидат подготвени за користење во период од три години, благодарение на уникатното партнерство меѓу градот Гренобл, француската енергетска компанија EDF, јапонскиoт производител на автомобили Тoyota и Citélib - локалнaта компанија за изнајмување на возила.

Преку поврзување со IT инфраструктурата на јавниот транспорт, овој нов начин на изнајмување на возила ќе ја надополни понудата на Citélib (rent a car сервисот во Гренобл), така што ќе им овозможи на корисниците да земат електрично возило од една локација и да го вратат на друга. Покрај тоа, проектот има за цел да промовира еден вид на поврзаност меѓу јавниот превоз (трамвај, автобуси, возови) и новиот модел за лична мобилност со користење на мали возила, кои не зафаќаат многу простор како конвенционалните автомобили.

Така на пример за време на возењето со трамвај патниците ќе може да добијат корисни информации на својот паметен телефон. Со помош на едноставна апликација, корисниците би имале можност да ја проверат достапноста на i-Road возило на станицата на која што треба да се симнат, а сепак не е близу до крајната посакувана дестинација. Резервирањето и плаќањето се прават само со неколку килка. Со помош на друга апликација, може да се провери состојбата во сообраќајот и останатиот јавен превоз, па корисниците ќе можат да ја изберат рутата која што најмногу им одговара во текот на тој ден.

Зошто Гренобл?

Гренобл со години наназад е познат како иновативен град. Неговиот познат „Presqu'île“ научен парк е дом на престижни институти и компании, како што се CEA и STMicroelectronics. Неговото мото е: „Онаму каде што го замислуваме градот на иднината“. Универзитетот во Гренбол има над 60.000 студенти, со еден од најмодерните кампуси во Франција. Во 1987-ма година, Гренобл беше вториот град во Франција, кој веднаш после Нант воведе електрични трамваи во јавниот транспорт. Во 2013-та година, фреквенцијата на користење на јавниот превоз изнесувала 78 милиони патници, а градот може да се пофали и со велосипедски патеки со вкупна должина од 320 km.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил