Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Кампос и УСФ1 нема да возат на стартот
 
Spodeli
09 February 2010, 15:54


Кампос и УСФ1 нема да возат на стартот  Кампос и УСФ1 нема да возат на стартот
Шефот на Формула 1, Берни Еклстон изјави дека тимовите на Кампос и УС Ф1 ќе ги пропуштат првите три трки од новата сезона. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тој откри дека според потпишаниот договор (наречен Конкорд) со тимовите тие имаат право на таква опција со што ќе добијат повеќе време за успешно деби во Ф1.

"Мислам дека нема да ги видиме Кампос и нема да ги видиме Американците, тие ќе бараат да ги пропуштат првите три трки. Во Конкорд договорот дозволено им е на тимовите да пропуштат три трки", изјави Еклстон.

Двата тима неколку пати инсистираа дека ќе бидат подготвени за првата трка во Бахреин иако Кампос призна дека се уште е во потрага по инвеститор кој ќе ги плати трошоците за шасијата на производителот Далара.

УСФ1 ги врши последните тестови и неколку извештаи велат дека шасијата е во завршна фаза.

Сепак српскиот милионер Зоран Стефановиќ со шасија од поранешниот тим на Тојота е подготвен да влезе во шампионатот како Стефан ГП, а има целосна поддршка и од Еклстон.

"Тие имаат финансиска поддршка и од српската влада, разговарав со нивниот премиер", додаде Британецот.

Поранешниот инженер во МекЛарен, Мајк Кохлан веќе работи со тимот а како возачи на Стефан ГП се споменуваат Ралф Шумахер. Казуки Накаџима и Жак Вилнев.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил