Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Hyundai кое забавува пред полициски камери
 
Spodeli
01 July 2014, 02:22


Hyundai кое забавува пред полициски камери  Hyundai кое забавува пред полициски камери
Технологијата галопира со таква брзина што само прашање на денови е кога автомобилите ширум светот сами ќе се управуваат ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прашањето кое се наметнува е кој ќе плати за сообраќајната казна во случај кога компјутерот би направил грешка. Hyundai има решение за овој проблем пред истиот да се случи во практика. Имено, во блиска иднина, во новиот Genesis ќе биде вграден систем што ги ослободува возачите од грижата за казни поради брзо возење.

Корејците во Сеул прикажаа парче технологија кое користи GPS и познати локации на кои се поставени полициски камери, со цел на тие точки возилото автоматски да се забави на ниво на ограничената брзина. Контроверзниот дел во функционирањето на овој систем е тоа што намалувањето на брзината се изведува единствено на местото каде што има камера, така што автомобилот ќе си ја поврати претходно користената брзина веднаш штом го напушти „казнениот простор“.

Технологијата го забавува движењето на возилото дури 800 метри пред локацијата на камерата. Ова чудо на модерната технологија нема да биде достапно во првите модели на Hyundai Genesis, кои ќе бидат испорачани кон крајот на годинава, но Корејците ветуваат дека инсталацијата ќе започне во догледно време.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил