Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Sharp Free-Form: инструмент табла на иднината
 
Spodeli
24 June 2014, 19:21


Sharp Free-Form: инструмент табла на иднината  Sharp Free-Form: инструмент табла на иднината
Повеќето денешни дисплеи кои се користат во автомобилите имаат правоаголна или квадратна форма, но Sharp работи на тоа да се промени ваквиот тренд...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот дисплеј наречен Free-Form, може да има било каква форма, во зависност од просторот што го овозможува возилото. Благодарение на речиси неограничените можности за обликување, овој екран овозможува широк спектар на употреба.

Според производителот, дисплејот може да се користи во автомобили, во авиони но и во многу други ситуации бидејќи нуди слика со висока резолуција и широка лепеза на бои.

Free-Form користи IGZO технологија и патентиран метод на производство. Предноста на екранот од јапонската компанија Sharp е во тоа што нема потреба од минимална ширина на рамката при негово вградување, како што е случај со конвенционалните монитори. Ваквото решение овозможува светлината да се рефлектира на сите пиксели од екранот, без потреба за користење на класична рамка.

Овој дисплеј може да се пофали со висока чувствителност на допир, широк агол на гледање, висока резолуција и „чистина“ на боите. Засега Sharp не открива каде најпрво ќе биде вграден дисплејот Free-Form, но јапонската компанија тврди дека сериската инсталација ќе почне да се спроведува за многу брзо време.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил