Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Mercedes го претстави моделот C-Class караван во AMG изведба
 
Spodeli
24 June 2014, 14:48


Mercedes го претстави моделот C-Class караван во AMG изведба Mercedes-Benz C-Class Estate AMG * Mercedes го претстави моделот C-Class караван во AMG изведба
Пакетот на стилски детали е сличен со оној што го видовме во класичниот W205 седан...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новата генерација на моделот Mercedes-Benz C-Class неодамна беше претставена и во караван верзија. Како и кај седан изведбата, но и како кај други модели на германската марка, во понудата ќе биде вклучен пакетот AMG Line, кој првенствено се однесува на дизајнерските детали.

Резултатот од работата на германските дизајнери на AMG „пакетот“ може да се забележи и на овие фотографии. Пакетот на стилски детали е многу сличен со оној што го видовме во класичниот W205 седан. Сепак, карванот со должина од 4,7 метри изгледа навистина привлечно.

Предниот браник има нов хромиран сплитер, што веројатно нема многу да им се допадне на оние кои ги користат своите автомобили во градски услови, но јасно, овде станува збор за стил. Страничните прагови се „мускулести“, а во однос на основната верзија се резликува и задниот браник кој има интегриран дифузор за воздух. Бензинските верзии имаат издувни завршетоци од нерѓосувачки челик, додека пак турбо дизел верзиите располагаат со хромирани ауспуси.

Особено атрактивни се петокраките, 18 инчни бандажи во титаниум сива боја. Големите дискови за кочење се перфорирани, а на елементите за сопирање може да се види натписот Mercedes-Benz. Платформата MRA е за 15 милиметри пониска во споредба со стандардната верзија и е значително поцврста. На мазните германски патишта сопствениците нема да почувствуваат поголема разлика, но ќе видиме како ова решение ќе се покаже на нашите патишта.

На покривот забележливи се алуминиумските држачи, а од сличен материјал (полиран алуминиум) се изработени и рамките за прозорците, што е спротивно од внатрешните елементи за прозорците кои се во црна боја (исто како и B-столбот).


Mercedes-Benz C-Class Estate AMG *
 Дополнителна опрема (*. Pdf)




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил