Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Motors нема да тужи за превземање на нивните патенти
 
Spodeli
18 June 2014, 16:48


Tesla Motors нема да тужи за превземање на нивните патенти  Tesla Motors нема да тужи за превземање на нивните патенти
Ваквата одлука на производителот е со цел да се зголеми застапеноста на електрични автомобили во сообраќајот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шефот на Tesla Motors, Илон Маск, неодамна изјави дека негова најголема желба е во светски рамки да се користи повисок процент на електрични автомобили, а со цел да ја реализира ваквата своја замисла тој е подготвен патентите на Tesla Motors да ги отстапи и на други производители.

Поконкретно, Маск потенцираше дека неговата компанија "нема да покренува тужби против оние кои ќе покажат добра волја да ја користат технологијата на Tesla".

На почетокот, Tesla Motors ја патентираше својата технологија од страв дека без таквата заштита големите производители би ги превземале нивните достигнувања, притоа искористувајќи ги за производство на модели кои евентуално би го спречиле растот на компанијата, доведувајќи ја во пропаст.

Но, гледано од денешна перспектива, Маск смета дека програмите за развој на електрични автомобили кај големите производители се или во зачеток или непостоечки, така што немаат капацитет да им конкурираат на производите од Tesla Motors. Затоа, како еден од пионерите во оваа област, Tesla сака да го даде својот придонес во побрзиот развој на електричните автомобили.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил