Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Новиот Qashqai пристигна и во Македонија
 
Spodeli
15 June 2014, 14:04


Новиот Qashqai пристигна и во Македонија Nissan Qashqai Новиот Qashqai пристигна и во Македонија
Втората генерација на мегапопуларниот SUV на Nissan, моделот Qashqai, веќе е достапен и во Македонија. 5 сантиметри подолг од претходникот, поширок, но и малку понизок, новиот Qashqai со кампњаските цени веќе е достапен од 18.000 Eur...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Она што на прв поглед паѓа во очи е модерниот дизајн, и одвнатре и однадвор. Иако новиот модел е минимално подолг од претходникот, визуелно, изгледа помасивно. Во моделска изведба со највисоко ниво - Tekna, доаѓа и со 19 инчни бандажи, со што дополнително се потенцира мускулната силуета.
 
Достапен секако и со бензиски и со дизел мотори, интересно е што бензискиот мотор е малолитражен - 1.2, со 16 вентила и 115 КС. На располагање секако се dCi моторите, 1.5 dCi со 110 КС и 1.6 dCi со 130 КС како и изведби со погон на сите четири тркала на 1.6 моторот, но и CVT изведба на истиот мотор. 
 
 
1.5 дизел моторот во прво ниво на опрема е достапен веќе од 20.500 Еур (кампањска цена). ОСвен за пребирливите, и во ова ниво на опрема, ќе задоволи речиси сечија потреба. 
 
Техничките податоци за моторите може да ги видите на слениот линк.
 
Qashqai на понуда е во три нивоа на опрема - Visia, Akcenta и Tekna, дополнително, за второто и третото ниво на опрема има и предефинирани дополниделни пакети на опрема. 
 
Ако има што да се спомене како главни разлики во однос на претходникот, тоа би биле: Многу поквалитетниот ентериер, уште од првото ниво на опрема, врвен спој на дизајн на теренец и класичен хечбек со напредни можности за поврзување на автомобилот, aеродинамична каросерија, повисока положба на возачот, мноштво нови технолошки системи, како новиот NISSANConnect систем си о 7" екран чувствителен на допир и со заштита од одблесок, со комбинација на аудио, навигациски и комуникациски можности, кој овозможува најнови функции на поврзување со паметни мобилни телефони. Благодарние на него, Qashqai лесно може да го синхронизирате со вас, како и со вашиот мобилен телефон, таблет или персонален компјутер.
 
 
Во очекување на тест возење, ви ги пренесуваме новитетите што Nissan ги најавува со новиот модел, кој треба да ја продолжи успешната приказна на својот претходнико, кој беше светски бестелер
 
СИСТЕМ I-KEY
Со NISSAN интелигентниот клуч во џеб или во торбичка, во својот нов Qashqai влегувате со притискање на копчето од рачката за отворање на вратата, а кога ќе влезете и моторот го стартувате со притискање на копче. Никогаш повеќе не морате да го барате клучот.
 
TFT ЕКРАН
Со одличниот 5“ TFT екран ќе владеете со ситуацијата
На TFT колор екранот од 5" со висока резолуција можете да ги гледате и контролирате клучните информации во реално време. Со многубројните интуитивни команди на управувачот можете да контролирате се со минимален напор и без пречки. Од голема корист ќе ви бидат и инструкциите од системот за навигација, системот за контрола на притисок во гумите, приказот за идентификација на бројот кој ве повикува како и системот за предупредување за напуштање на сообраќајната лента.
 
NISSAN ИНТЕЛИГЕНТНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Паркирајте лесно, сигурно и самоуверено со помош на Nissan интелигентниот систем за помош при паркирање. Тоа го олеснува паркирањето во град со помош на опцијата за мерење на местото за паркирање и маневрирање место вас.
 
НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА УДОБНОСТ
Системот за контрола на шасијата и новиот XTRONIC менувач, ви овозможуваат целосна контрола и подобрени реакции. Префинетата аеродинамичност, намалената вкупна маса и иновативниот систем Стоп/Старт овозможуваат неверојатно ниска потрошувачка и намалена емисија на CO2
 
ЗАШТИТНА ТЕХНОЛОГИЈА
Избегнување на фронтален судир
Искористете го дополнителниот пар очи на патот. Системот ви дава звучни и визуелни сигнали, а доколку возачот не реагира, се вклучува опцијата за принудно автоматско сопирање за вашиот нов Qashqai да забави.
Предупредување за ненамерно излегување од сообраќајната лента
Доколку од која било страна на вашиот автомобил се најде возило во мртов агол, ќе се вклучи светлото во аголот на надворешниот ретровизор. Доколку го вклучите трепкачот, а возилото е во опасна близина, светлото ќе засвети и ќе се огласи звучен сигнал.
Поддршка на концентрацијата на возачот
Не постои опасност дека ќе задремете или ќе ви опадне концентрацијата: системот ја проценува вашата концентрираност и уморот според начинот на возењето и ве предупредува со звучен и визуелен сигнал дека е време да се одморите.
 
 
ПОВПЕЧАТЛИВ ОД КОГА И ДА Е
Откријте возење со изобилство на технологија. Nissan Safety Shield технологијата спречува фронтален судир со звучни и визуелни предупредувања, ве предупредува на опаѓање на концентрацијата и го контролира мртвиот агол.
И тоа не е се. Вашата прегледност е подобрена со автоматското вклучување на долгите светла и привремено придушување кога системот ќе регистрира возила кои ви се доближуваат од спротивната насока. Опремен со LED предни светла, Qashqai ви нуди прегледно и осветлено возење.
 
ДОДЕКА ГО ОСВОЈУВАТЕ ГРАДОТ, ИЗГЛЕДАЈТЕ ОНАКА КАКО ШТО ВИ ДОЛИКУВА
Од впечатливата нова предна маска до затемнетите задни стакла, новиот Qashqai ги остава минувачите без зборови. Изберете панорамски стаклен покрив и уживајте во сонцето или изберете робустни но практични носачи на покривот кои ќе ја задоволат секоја ваша желба. Што и да изберете, овој теренец е создаден да ви пружи сигурност во град. Прашајте кого било дали ги забележал 19" тркала и новите двојни BI-LED светла.
 
Висина 1806
Должина 4377
Ширина 1806
Маса (кг) 1318 – 1602
Растојание меѓу оските 2646
Број на врати 5
 
ВРВНО ОБЛИКУВАНА ВНАТРЕШНОСТ
Внатрешноста на Nissan Qashqai од новата генерација е убава и функционална.
Секој луксузен детал е дизајниран да привлекува погледи, без да се наруши удобноста. Седиштата обложени со темносива кожа гарантираат удобно возење, а иновативниот TFT екран дава сигурност.
Клучот на новиот Nissan Qashqai е софистициран како и самиот автомобил. Неговиот ергономски облик е направен да трае.
 
 
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ БЕЗ НАПОР
Новиот Nissan Qashqai нуди најнова технологија, од И-клучот до новиот NissanConnect
Со системот Стоп/Старт веќе не ви се потребни клучеви, доволно е да притиснете на копчето и да го започнете возењето без напор. Додека седите во седиштето на возачот, командите на управувачот ви овозможуваат да пуштате музика, да ја регулирате и ограничувате брзината и да го контролирате клима уредот со две зони. А со автоматското вклучување на светлата и сензорот за дожд, уживањето е загарантирано.
 
ПОПРИЛАГОДЛИВ ОД КОГА И ДА Е
Новиот Nissan Qashqai ја спојува удобноста и сестраноста.
Просторот за складирање во внатрешноста на возилото има шеснаесет комбинации, вклучувајќи ги и скриените прегради за повредни предмети и можност за вадење на сите прегради за уште поголем простор. Заштитен е од оштетување со гребење и лесно се чисти, така што секогаш сте подготвени за секоја ситуација. Пред патникот на предното седиште се наоѓа предгада со опција за ладење и пијалакот може да биде ладен и во летно време.
 

Nissan Qashqai
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил