Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Водич при купување на автомобил > 10 чекори до вистинскиот автомобил за Вас
 
Spodeli
04 August 2010, 17:04


10 чекори до вистинскиот автомобил за Вас  10 чекори до вистинскиот автомобил за Вас
Малкумина се оние што точно знаат што сакаат при изборот на автомобил...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Повеќето од потенцијалните купувачи губат многу време до конечната одлука, кога ќе ги измешаат финансискиот фактор, реалните потреби наспроти желбите, предрасудите кои владеат кај нас или пак спротивното мислење на брачниот партнер. Веруваме дека ќе имате помалку главоболки доколку ги следите нашите десет чекори (совети) за избор на вистинскиот автомобил за вас.

Чекор 1: Каков вид на возило ви е потребно?
Ако ги разграничите вашите потреби од желбите, брзо ќе откриете кој е вистинскиот автомобил за вас. Размислете за што примарно го користите вашето возило. Колку луѓе вообичаено превезувате? Какво возење најчесто практикувате? Колку километри поминувате дневно? Дали Ви е важно вашето ново возило да биде поекономично од сегашното?

Во многу случаи луѓето одбираат автомобил бидејќи има прекрасен дизајн или е во тренд. Ако се водите според тоа, можете сериозно да си го оштетите буџетот, па за многу скоро возилото да го дадете на оглас. Бидете практични и рационални - дозволете вашите потреби, е не вашите желби да ја донесат конечната одлука.

Еве неколку прашања што би требало да си ги поставите кога размислувате да купите возило:

•    Сакате ли рачен или автоматски менувач?
•    Дали навистина ви е потребен погон на сите тркала?
•    Каква безбедносна опрема ви е потребна?
•    Дали ви е потребен голем багажен и товарен простор?
•    Дали можеби ќе ви бидат важни влечно – приклучните уреди?
•    Дали возилото ќе одговара на вашата гаража?

Чекор 2: Колку можете да си дозволите?
Без разлика дали возилото ќе го купите на кредит или земете на лизинг, утврдувањето на месечната рата која вашиот буџет може да ја поднесе е круцијалниот прв чекор. Колку треба таа рата да изнесува? Веруваме дека не би прифатиле таа да надминува 20% од платата што ја носите дома. Одвојте време да се позанимавате малку со ваква математика пред да отидете да купите возило и вашите пресметки нека ви бидат при рака. Не само што ќе ви биде точен показател што можете да си дозволите (бројката никогаш не лаже!), исто така ќе ви помогне при преговорите со продавачот во салонот.

Чекор 3: Лизинг или кредит?
Лизингот, односно закупот бара малку, речиси ништо не плаќате како капар и нуди пониски месечни рати. Но кога наемот ќе истече, Вие останувате без автомобил и ќе морате да го замените. Купувањето на кредит, пак, првично е многу поскапо и месечните рати се повисоки. Но, на крајот од кредитот вие поседувате автомобил кој се уште можете да го користите или евентуално продадете. Еве ги останатите предности на лизингот, односно кредитот:

Закуп
•    Можете да возите подобар автомобил за помалку пари
•    Можете да возите нов автомобил на неколку години
•    Нема такси за увоз на крајот од лизингот

Кредит
•    Ако условите кај што живеете се такви што има мал интерес за постојано изнајмување и менување автомобили, финансиски е поисплатливо да го купите возилото
•    Не плаќате пенали за километража
•    Зголемена флексибилност— можете да ја продадете колата кога и да посакате


Чекор 4: Ги имате ли предвид сите возила од класата што ве интересира?
Горе – долу, денеска нема лош автомобил. Меѓутоа, силната конкуренција прави повеќето од потенцијалните купувачи да не можат лесно да ги следат сите нови модели, сите подобрувања, сите споредбени тестови и така натаму. Обично подлегнуваат на рекламите. Токму затоа, важно е со ладна глава да направите сопствено темелно испитување и од тој аспект. Во таа насока, на нашиот портал можете да одберете конкретен автомобил и веднаш под него да добиете листа на неговите конкуренти. Ако веќе имате одбрано фаворит, нека тој биде ваша референтна точка. За него можете да ги добиете сите неопходни информации – предности, недостатоци, целни групи за кој е наменет, цени, тест, понекогаш и директна споредба со конкурентите.

Чекор 5: Ги имате ли предвид сите трошоци за одржување?

Ова е често занемарен аспект при купувањето на ново возило – некој автомобил може да е поевтин да се купи, но е поскап за одржување. На пример, може да се двоумите меѓу два автомобила од иста класа со речиси идентична цена, меѓутоа на едниот вредноста годишно му паѓа многу повеќе, додека другиот значително е поскап да се осигура или сервисира. Така што, пред да се одлучите дефинитивно за еден автомобил, морате да си направите фин есап за долгорочно одржување на истото. Ова вклучува пад на вредноста, осигурување, сервисирање и трошоци за гориво.

Чекор 6: Добијте ги одговорите пред да појдете во салон
Досега вообичаена пракса беше да одите директно во најблискиот салон на марката за која сте заинтересирани и да го одберете автомобилот по консултацијата со продавачот. Меѓутоа, во оваа информатичка ера, ваквиот приод ви е само трошење време и пари. Единственото нешто што требате лично да го направите е да отидете на тест – возење и да го потпишете договорот. Дотогаш, многу повеќе информации можете да приберете преку “копање“ на интернет. Токму затоа домашниве увозници прават свои интернет страници кои му служат на добро информираниот купувач. Или пак, можете да не консултирате и нас при селектирањето на вашите опции или конкретниот фаворит. Повторуваме, кај нас можете да најдете предности, недостатоци, целни групи за кој е наменет вашиот фаворит, цени, тест, понекогаш и директна споредба со конкурентите. На тој начин, можете речиси сите прашања да си ги одговорите уште пред да се упатите кон салонот. Немојте да одите таму ако не сте добро подготвени и потковани со сите неопходни детали за вас.

Чекор 7: Закажете тест – возење

Кажете му на продавачот дека сакате да закажете тест – возење, но дека нема веднаш да купите. Секако, уверете ги дека сте сериозно заинтересирани за нивната марка, и по можност возилото да го понудат за фер цена. Имајте на ум дека ако си имате работа со класичен продавач, тој/таа ќе се обиде да ги започне преговорите наметнувајќи Ви висока цена во очекување понатаму да се ценкате. Истиот може и да стане помалку агресивен во обидот да ве убеди.



Ако почнат да ве притискаат, можете да ги потсетите дека имате и други автомобили што треба да ги тестираат и не можете веднаш да се одлучите. Тоа е коректно, а на крајот на краиштата, ваши се парите – вие треба да диктирате. Повеќето од добрите продавачи ќе го почитуваат тоа. Ако не го почитуваат, тоа е доволно лош сигнал за вас.

Чекор 8: Како да го тестирате автомобилот?

Целта на тест - возењето е да направите симулација на вашиот личен режим на експлоатација. Ако секојдневно долго патувате – провозете малку во шпицот и “издувајте“ ја малку до Петровец и назад. Понатаму...

•    Возете преку нерамнини и дупки
•    Агресивно влезете во тесните бавни свиоци, но без претерување
•    Проверете ги сопирачките на безбедна локација.
•    Радиото не го вклучувајте.
•    Влезете и излезете од возилото неколку пати и не заборавајте да седнете на задната клупа за да видите дали вашите патници ќе имаат доволно простор.
•    Ако пак редовно возите по планините, најдете некој терен со слична конфигурација.

Едноставно, прашајте се како би било да се живее со овој автомобил во следните неколку години. Купување нов автомобил е голема инвестиција, па одвојте онолку време колку што ви треба да ги сумирате сите детали потребни за ваша конечна одлука. На крајот, не заборавајте ја вашата интуиција. Ако од старт немате добро чувство во конкретниот автомобил, следете го тој импулс. Купување возило е премногу важна и скапа одлука за да биде донесена без целосна сигурност.

Чекор 9: По тест – возењето...
...побрзајте на следното тест – возење. Добра идеја е сите ваши тестови да ги направите во едно утро или попладне, последователно. Таквото континуирано тестирање додека ви се свежи сите впечатоци ќе ви помогне да ги воочите и најмалите разлики кои може да влијаат на вашата конечна одлука.

Чекор 10: Подготовки за купувањето

Сега треба веќе да ги имате предвид сите возила во класата што ве интересира. и прецизна слика што можете да си дозволите. Треба веќе да сте одлучени дали ќе го земете возилото под закуп, на кредит или можеби во готово, како и веќе да ги имате тестирано сите ваши фаворити.

Значи, сега е времето кога треба да ги сведете вашите опции на еден конкретен модел и да потпишете договор. Во секој случај, добро си ја завршивте домашната работа за да го пронајдете вистинскиот автомобил за вас. Сега можете комотно да одите и да си го земете вашето возило, па....ај честито!





Стари коментари
KOj e kretenot(kata) sto gi pisuva tekstovite za Vodic za kupuvanje..."? Ocigledno e deka eden gi pisuva site tekstovi i site se od glup poglup? Abe napisi nesto konkretno ako imas da kazes, a ne prazni besmisleni tekstovi bez vistinska sodrzina "Горе – долу, денеска нема лош автомобил."- moron...
Напишан од Vlade  пред  околу 105 месеци
da da zasto posle isplatata na voziloto da nee moe pa cim go platim cee moee i oro ce igra taka da znae
Напишан од razor  пред  околу 110 месеци
Cestitki za trudot, pozitivno iznenaden za vakva opsezna analiza i sporedba. Pozdrav.
Напишан од Nedzat  пред  околу 110 месеци
Браво за статијата! Многу ми се допадна и добри совети споделивте со нас. Фала
Напишан од T.K.  пред  околу 116 месеци
Cekor 3: vie od koli.com.mk znaete sto e toa lizing?! kako posle isplatata voziloto ne e vase?!
Напишан од Kiril  пред  околу 116 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Водич при купување на автомобил



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил