Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Volkswagen работи на автоматски менувач со 10 брзини
 
Spodeli
04 June 2014, 22:47


Volkswagen работи на автоматски менувач со 10 брзини  Volkswagen работи на автоматски менувач со 10 брзини
Менувачот ќе биде поврзан со твин-турбо 2.0 TDI агрегат, со моќност од дури 236 КС...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Хајнц-Јакоб Нојзер, директорот за истражување и развој на VW, потврди дека производителот забрзано работи на разој на 10-степен DSG менувач. Се најавува дека истиот до совршенство ќе ја донесе технологијата за менување брзини која се базира на концептот двојна спојка. Многу експерти се согласуваат дека 10-брзинскиот менувач претставува и теоретски максимум, бидејќи дополнително зголемување на степените за пренос станува контрапродуктивно. Имено, колку што ќе се заштедува гориво со намалување на брзината на вртежите на моторот, толку и ќе се влошува ситуацијата во поглед на големината, тежината и што е најважно, механичката отпорност.

Паралелно со развојот на новиот менувач, Volkswagen работи и на најсилната изведба на 2-литарски дизел мотор. Со twin-turbo технологија, моќноста ќе се зголеми на 236 КС. Нојзер, засега, ја отфрла можноста дека овој агрегат би бил вграден и во Golf моделите, бидејќи со тоа ќе се загрози продажбата на бензинската изведба на GTI. Сепак, директорот најави дека заинтересираните клиенти овој мотор ќе може да го очекуваат во Passat - изведба која ќе нуди одлична комбинација на перформанси и економична потрошувачка.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил