Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Во иднина авионите ќе се управуваат само со мисли!?
 
Spodeli
03 June 2014, 18:49


Во иднина авионите ќе се управуваат само со мисли!?  Во иднина авионите ќе се управуваат само со мисли!?
Долгорочна цел на новиот проект е да го направи управувањето со воздухоплови достапно за повеќе луѓе...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тим на истражувачи од техничкиот универзитет во Минхен (TUM), предводен од професорот Флоријан Холзапфел и инженерот Тим Фрике, работи на проект наречен "Brainflight", финансиран од страна на ЕУ. Проектот се однесува на развој на систем, кој во иднина треба да овозможи пилотите да ги управуваат авионите со помош на мисли.

"Долгорочната цел на проектот е да го направи управувањето со воздухоплови достапно за повеќе луѓе", изјави инженерот Фрике. "Преку умствена контрола, летањето, само по себе, може да стане поедноставно. Ова ќе го намали обемот на работа за пилотите, а со тоа ќе се зголеми безбедноста. Исто така, пилотите би имале повеќе слобода да управуваат со другите функции во кабината".

Како функционира системот? Пилотот е опремен со кацига на која се поставени електроенцефалографски електроди со кои се мерат електричните импулси по должината на скалпот. Овие сигнали потоа се испраќаат до компјутер кој користи алгоритам развиен од страна на научниците од Берлинскиот институт за технологија, при што импулсите се трансформираат во команди. 

Иако ова можеби звучи како научна фантастика, тимот всушност покажа дека идејата функционира и дека системот е импресивно прецизен. Имено, на техничкиот универзитет во Минхен неодамна беше направен тест кој вклучуваше седум лица со различни нивоа на искуство, при што еден од нив дотогаш немал никакво практично искуство во пилотската кабина. Се разбира, при тестот не се користеле вистински авиони, туку симулатор.

Само преку умствена контрола, субјектите успеале тестот во симулаторот да го реализираат со ниво на прецизност кое би било доволно за делумно се исполнат ригорозните стандарди пропишани за добивање на вистинска дозвола за летање. 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил