Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Голем интерес за изложбата на олд-тајмери и Peugeot тест возењето
 
Spodeli
01 June 2014, 22:13


Голем интерес за изложбата на олд-тајмери и Peugeot тест возењето  Голем интерес за изложбата на олд-тајмери и Peugeot тест возењето
Настан за паметење и за сите генерации...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Најавената богата програма од страна на на Генералниот увозник за Peugeot во Македонија, „Еуроимпекс“ како домаќин на 9-тата по ред меѓународна изложба со историски возила и „АМК Џип рели спорт“, беше беспрекорно испочитувана. Овој викенд, кај импортерот се спојувaa историјата и иднината преку фокусот на сегашноста.

„Денес сме домаќини на 85 историски примероци и тоа 85 историски возила од кои 11 се од брендот Peugeot и 15 мотоцикли. Кога ќе се повлече паралела, очигледен е заклучокот дека локацијата за оваа меѓународна изложба со историски возила е мошне внимателно избрана. Имено, „Еуроимпекс“ е една од првите приватни компании во Македонија, а Peugeot брендот пак е познат по својата повеќе од 200-те годишна историја“, изјави генералниот директор на „Еуроимпекс“, г-динот Кирил Воиновски по што и свечено ја прогласи изложбата за отворена.

Настанот го збогати и тјунираната изведба на Peugeot 308, кој од 92 КС, доби 118 КС.

Освен нивното величество автомоблите, настанот го разубавија Калиопи, Каролина и Лозано, и секако згодните модели на модното Студио Црнокрак - Дора и Антонија Локвенец

Љубители на автомобилизмот, сопственици на олд тајмери, ведри, насмеани лица и многу посетители гости... Историските возила и големото тест возење на Peugeot вдахнаа свежина овој викенд во Скопје.

Карактеристики на оваа 9-та изложба беа следниве:
 
- Најстаро изложено возило беше возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
 
- Најстаро Peugeot возило на оваа 9-та по ред изложба, беше возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
 
- Посетителите имаа можност да го видат и мотоциклот Yava, произведен во 1930 година кој беше и најстар моторцикл на оваа изложба.
 
- Интересен примерок беше и една од највозените веспи во поранешна Југославија, веспата NSU Pretis Precis. 
 
 
Покрај 9-тата изложба со историски возила, посетителите уживаа во тест возењето на Peugeot. 
 
„Интересот за тест возење беше навистина голем. Европскиот автомобил за 2014-та година, новиот Peugeot 308, беше најпосакувано возило за тест но, не заостануваа ни другите модели. На овој настан за прв пат во Македонија, сите заинтересирани лица имаа можност да направат компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило. За таа цел имаме на располагање две возила со новиот Peugeot 308 1.6 HDi мотор. Пред салонот на Peugeot, гостите имаа прилика да го посетат штандот на Total и да погледнат презентација за репарирање на ветробранско стакло“, изјави Ивана Манчева, маркетинг директор во „Еуроимпекс“.
 
 
Организацијата беспрекорно функционираше, па според правилникот кој беше и видно истакнат, организаторот во 15:30 часот започна со прогласување на добитниците на признанија и тоа во категориите за кои публиката имаше прилика да гласа, како и во категориите за кои беше неопходно стручното мислење на техничката комисија. Подолу се деталите за доделените признанија:
 
 
1. За најдобро реставриран автомобил
 
Модел на автомобил: Citroen DS
Година на производство:1969 година
Сопственик на автомобил: Ѓорѓи Христов
Реден број на изложбата: 15
 
2. За најдобро реставриран мотоцикл
 
Модел на мотоцикл: DKV RT
Година на производство: 1953 година
Сопственик на автомобил: Љупчо Милошевски
Реден број на изложбата: 55
 
 
3. За најдобро реставриран кабриолет
 
Модел на автомобил: Fiat Spider
Година на производство: 1977 година
Сопственик на автомобил: Бејтула Селмани
Реден број: 72
 
4. За најдобро реставрирано теренско возило
 
Модел на автомобил: Jeep Wilys
Година на производство: 1943 година
Сопственик на автомобил: Саше Несторовски
Реден број: 41
 
5. За најдобро реставриран велосипед со помошен мотор
 
Модел на велосипед: ROG Pony Express 
Година на производство: 1973 година
Сопственик на автомобил: Марија Стамболиска
Реден број на изложбата:77
 
6. Најстар автомобил на изложбата
 
Модел на автомобил: Fiat Topolino
Година на производство: 1936 година
Сопственик на автомобил: Благоја Спасовски
Реден број: 74
 
7. Најстар мотоцикл на изложбата
 
Модел на мотоцикл: Java 150
Година на производство: 1930 година
Сопственик на автомобил: Ване Шандев
Реден број: 61
 
 
8. Најстар автомобил од брендот Peugeot
 
Модел на автомобил: Peugeot 404
Година на производство: 1968 година
Сопственик на автомобил: Златко Буцевски
Реден број: 8
 
9. Најдобро реставриран автомобил од брендот Peugeot 
 
Модел на автомобил: Peugeot 404
Година на производство: 1970 година
Сопственик на автомобил: Кирил Воиновски
Реден број: 3
 
10. Најдобар јанг тајмер на изложбата
 
Модел на автомобил: Opel Kadet
Година на производство: 1987 година
Сопственик на автомобил: Стефан Стојмановски
Реден број: 44
 
 
11. Најдобро реставриран автомобил на изложбата од гостите вон Македонија
 
Модел на автомобил: Zastava 101
Година на производство: 1976 година
Сопственик на автомобил: Данило Петровиќ
Реден број: 42
 
„Оваа 9-та по ред меѓународна изложба со историски возила е една од најголемите кои досега се реализирале во Македонија. Ни беше голема чест да соработуваме со сите приватни лица и создадеме можност да ги претстават своите олд тајмери на македонската јавност. Оваа година изложбата броеше речиси дупло повеќе изложувачи од минатата година, а доколку се навратам во минатото, беше и најпосетена изложба досега“, изјави г-динот Димитрије Пеливанов, претседател на „АМК Џип рели спорт“ и делегат на оваа изложба.
 
 
 
Повеќе фотографии од настанот, погледнете во галеријата подолу... 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил