Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Ралф Шумахер во СтефанГП?
 
Spodeli
08 February 2010, 11:30


Ралф Шумахер во СтефанГП?  Ралф Шумахер во СтефанГП?
Според информациите на германскиот весник „Билд“, помладиот од браќата Шумахер, 32-годишниот Ралф, наскоро ќе се тестира за тимот на СтефанГП, кој е во сопствеништво на српскиот тајкун Зоран Стефановиќ....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Стефан нема лиценца за натпреварување во Формула 1 за 2010-та година. Меѓутоа, српскиот бизнисмен и понатаму се надева дека до првата трка во Бахреин има шанси да добие шанса за настап.

Неговите адвокати вложиле жалба до Европската комисија на која и се оспорува процесот за издавање лиценци за трите нови екипи за наредната сезона, па нејзиниот исход и понатаму се очекува.

Во меѓувреме, СтефанГП се подготвува веќе за оваа сезона како сигурно да настапува. Првите тестирања на болидот составен во Келн, каде Стефановиќ го откупи седиштето на Ф1-тимот на Тојота, која на крајот од минатата сезона се повлече од натпреварувањето, се очекуваат за овој месец, а еден од двајцата возачи (како прв се споменува јапонецот Казуки Накаџима, минатогодишниот возач на Вилијамс), би требало да биде токму помладиот Шумахер.

„Господинот Стефановиќ остави одличен впечаток кај мене како многу сериозен човек. Од нашиот разговор сфатив дека се интересира за мене. Меѓутоа, повеќе од тоа немам што да кажам во овој момент.“ - изјави Ралф за германскиот дневен весник.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил