Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Технички проблем кај VW Golf: Прашање и совет
 
Spodeli
25 May 2014, 20:30


Технички проблем кај VW Golf: Прашање и совет Volkswagen Golf VI Технички проблем кај VW Golf: Прашање и совет
Перките на роторот се блокирани поради чадот, при што предизвикуваат зголемување на притисокот и преминување во safe mode ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Прашање: Возам Volkswagen Golf 1.6 TDI од 2011-та година со 120.000 изминати километри. Веќе неколку пати, во возење, ми си случува на контролниот панел да засветка жолт индикатор за грејачот, при што се ограничува бројот на вртежи и се појавува предупредувачка порака побрзо да појдам на сервис. Откако ќе го запрам автомобилот и извадам клучот, проблемот исчезнува при следното стартување. Од сервисот велат дека и покрај алармантните сигнали на контролната табла, не можат да регистрираат никаков проблем со автомобилот. Дали станува збор за некаков спој или нешто слично, навистина не знам, но би сакал да го решам проблемот пред ситуацијата дополнително да се искомплицира. Покрај тоа воопшто не е згодно да се вози со страв дали и кога индикаторот ќе светне повторно.

Одговор: Овие симптоми се појавуваат кога контролната електроника го вклучува моторот во принуден погон (safe mode) што се сигнализира и на контролната табла. Проблемот е запушениот турбо полнач односно перките на роторот кои се блокирани во позиција за максимално оптоварување, што краткотрајно се решава со гасење на моторот и негово повторно стартување.

Затоа моторот работи добро само при ниски вртежи, додека на повисоки доаѓа до аеродинамично задушување на турбо полначот, а повремено и до неконтролирано зголемување на притисокот.

Кога сензорот за притисок ќе го регистрира максимално дозволениот притисок од 1,2 бари, контролната електроника префрла во режим на работа со минимална моќност, со цел виталните делови на моторот да се заштитат од преоптоварување и оштетување. Потребно е да се направи опсежен сервис на турбо полначот - да се расклопи, да се исчисти, да се променат неговите лежишта и вентили, односно темелно да се балансира. 

Балансирањето, според правилата, се врши во два чекора (лошите авто-механичари спроведуваат само еден). Во првиот чекор, се балансира самиот ротор, а во вториот и целиот турбо полнач. Во вашиот конкретен случај, станува збор за многу квалитетен мотор, па по темелниот сервис би требало се' да биде во ред.


Volkswagen Golf VI
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил