Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Ник Хајдфелд се согласи на подредена улога
 
Spodeli
05 February 2010, 11:34


Ник Хајдфелд се согласи на подредена улога  Ник Хајдфелд се согласи на подредена улога
Германецот Ник Хајдфелд, сепак нема да го започне овогодинешното светско првенство во Формула 1 на стартот од Големата награда на Бахреин. Имено, пилотот ги договори условите со Мерцедес ГП и ќе стане негов тест-возач....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Минатата година возеше за БМВ Заубер, но како што старо-новиот тим на Питер Заубер оваа сезона ги одбра Камуи Кобајаши и Педро де ла Роса, Ник Хајдфелд престана да бара нов ангажман.

Се пронајде во Мерецедес, каде во улога на тест-возач ќе им прави друштво на своите сонародници Михаел Шумахер и Нико Розберг. Така ќе го дополни германскиот „шмек“ овој тим.

„Задоволен сум од преоѓањето во Мерцедес. Тимот привлекува најголемо внимание, и тоа не само поради Шумахер туку и затоа што германскиот производител се врати како самостоен тим.“ - изјави Хајдфелд.

Сепак, признава дека подобро би се тркал на патеките: „Секако дека би преферирал некое од возачките места. Но, забележав колку Мерецедес е предаден на оваа работа и ќе дадам се од себе за на Шумахер и Розберг да им ја пружам потребната подршка.“

Хајдфелд улогата тест-возач на имаше и во текот на 1998. и 1999. година и тоа во МекЛарен.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил