Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Новиот Volvo XC90 пристигнува до крајот на годинава
 
Spodeli
27 April 2014, 21:03


Новиот Volvo XC90 пристигнува до крајот на годинава Volvo XC90 Новиот Volvo XC90 пристигнува до крајот на годинава
Volvo потврди дека новата генерација на XC90 ќе биде претставенa до крајот на годинава, што значи дека истата на пазарот ќе се појави најдоцна на почетокот од 2015-та ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поконкретно, се очекува дека премиерата ќе се одржи наесен оваа година на саемот за автомобили во Париз, а производството ќе биде доверено на фабриката во Гетеборг, Шведска.

Новиот XC90 ќе биде првиот модел на овој производител кој ќе се базира на новата модуларна платформа SPA (Scalable Product Architecture). Што се однесува до дизајнот, втората генерација на шведскиот SUV во голема мера ќе се угледа на концепт моделите Coupe, Estate и се разбира XC Coupe (на сликите), кој што всушност е и најава за серискиот модел.

Внатрешноста ќе биде пространа и најверојатно со седишта поставени во три реда, но сега со повеќе простор меѓу нив, а се очекува да се зголеми и капацитетот на багажниот простор. Дизајнот на контролната табла би требало да биде едноставен и модерен со мал број на копчиња и прекинувачи, а системите ќе бидат управувани преку голем дисплеј чувствителен на допир.

Моторизацијата ќе ја чини новото семејство (Volvo Engine Architecture - VEA) на четири-цилиндрични, 2,0-литарски бензински, турбо дизел, twin-turbo и турбо-компресорски мотори, опремени со ART-систем за вбризгување и моќност до 300 КС. Покрај стандардниот погон на сите четири тркала, клиентите ќе имаат можност да изберат и погон само на предните тркала, што ќе може да се пофали со поголема економичност. Без оглед на избраниот мотор, стандардната понуда ќе се состои од 8-брзински автоматски менувач.


Volvo XC90
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил