Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Mercedes го претстави системот Intelligent Hybrid
 
Spodeli
25 April 2014, 21:16


Mercedes го претстави системот Intelligent Hybrid  Mercedes го претстави системот Intelligent Hybrid
Во соработка со својот F1 тим, Meredes разви хибриден погон наречен Intelligent Hybrid кој со помош на систем за навигација го оптимизира искористувањето на електричниот дел од погонскиот механизам, што се разбира, има позитивен ефект врз зголемувањето на економичноста...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Поконкретно, со помош на навигацијата Comand Online, овој систем собира информации за условите на патот што треба да се извози. "Знаејќи" го ваквиот податок, системот може да користи електрична енергија за придвижување на автомобилот дури и во оние ситуации каде што досега не би се направило тоа, затоа што во овој случај возачот ќе знае дека пред него следи пат односно терен кој ќе овозможи целосно полнење на батериите.

Поточно, истражувањата на Mercedes покажале дека повеќето хибридни автомобили, ја трошат корисната енергија кога возат по надолници бидејќи во тие моменти полните батерии не можат да складираат ново-создадена енергија. Со цел да се избегнат ваквите ситуации, автомобилот треба да има делумно празни батерии пред да дојде до некоја поголема надолница, така што истите би имале капацитет за складирање на нова енергија. Системот Intelligent Hybrid ќе го овозможува ова, а на тој начин ќе се намали потрошувачката на гориво.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил