Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Претставен редизајнираниот Peugeot Boxer
 
Spodeli
22 April 2014, 22:00


Претставен редизајнираниот Peugeot Boxer Peugeot Boxer Претставен редизајнираниот Peugeot Boxer
Покрај со освежениот дизајн, Boxer може да се пофали со опрема која до неодамна беше карактеристична само за луксузните автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во рамки на последните естетски корекции, Peugeot Boxer доби сосема нов преден дел. Без сомнение, како инспирација послужил новиот Peugeot 308. Покрај новиот браник, особено се воочливи и фаровите во кои е интегриранa LED технологија за дневно осветлување. Во задниот дел е променета графиката на осветлувањето, така што сега е зголемена неговата видливост од страничен агол.

Внатрешноста е модерна и удобна. Командната табла е целосно обновена, за седиштата се искористени нови материјали, а на барање на клиентите може да бидат обложени и со природна кожата. Стандардната опрема вклучува hands-free со Bluetooth функција и USB пристап. Со доплата може да се добие и мултимедијален систем со дисплеј чувствителен на допир, кој располага со систем за навигација и способност за читање на SMS пораки.

Друг новитет е камерата, интегрирана под внатрешниот ретровизор, која е дел од системот за следење и алармирање при неконтролирано застранување од коловозната лента. Во понудата исто така се вклучени и задна паркинг камера и темпомат.

Понудата за моторизација вклучува 2,2 HDi турбо дизел агрегат, кој ќе биде достапен во три верзии на моќност: 110, 130 и 150 КС. Најмоќниот мотор е 3,0 HDi, кој развива максимални 180 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm.

Повеќе фотографии погледнете во галеријата подолу...


Peugeot Boxer
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил