Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > 40 години Golf: Бестселер, тренд сетер и икона
 
Spodeli
22 April 2014, 20:48


40 години Golf: Бестселер, тренд сетер и икона Volkswagen Golf I 40 години Golf: Бестселер, тренд сетер и икона
Volkswagen го прославува 40-от роденден на најуспешниот европски автомобил на сите времиња - Golf. До денес, продадени се повеќе од 30 милиони примероци од ова легендарно возило. Уште од првиот ден, Golf го отсликува технолошкиот напредок ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Без разлика дали е со турбо мотор, мотор со директно вбризгување, електричен или plug-in хибриден погон; ABS, ESC, XDS или 4MOTION; aдаптивeн темпомат, систем за сопирање во итни случаи, стабилизација на приколка, систем за сопирање за заштита од повеќекратен судир, автоматски клима уред, Dynaudio - аудио систем, екран чувствителен на допир и LED светла; дали е Trendline, Comfortline, Highline, GTI, GTD или GTE - отсекогаш Golf беше автомобилот преку кој се претставуваа најсовремените технологии и трендови.

Golf I: Првата серија од Golf излезе од производната лента на фабриката во Волфсбург на 29 март 1974 година. До тој ден со децении доминираше моделот Буба со мотор поставен во задниот дел и со погон на задните тркала. Новата ера започна со попречно поставен мотор во предниот дел и погон на предните тркала.

Како наследник на легендарната Буба, од која беа произведени над 21.500.000 возила, Golf I, дизајниран од Џорџо Џуџаро и Volkswagen, мораше да ги исполни очекувањата и да ја продолжи успешната приказна на еден од најуспешните автомобили во светот. Тоа и се случи, со новата технологија, економичноста и одличниот дизајн, Golf I го освои пазарот, а милионитиот Golf беше произведен во октомври 1976 година. 

Golf II: Од август 1983 година, патниците не седеа толку блиску еден до друг, бидејќи просторноста и практичноста беa подобрени. Кај Golf II, за прв пат беше вграден конвертор и регулатор на катализаторот (1984), анти - блокирачки систем за сопирање - ABS (1986), серво управувач и погон на сите тркала - систем кој за прв пат беше воведен во 1986 година.

 

Golf III: Со лансирање на третата генерација Golf во август 1991 година, Volkswgen навести една нова ера кога станува збор за безбедноста во автомобилот. Golf III беше првиот автомобил со предни воздушни перничиња, почнувајќи од 1992 година, додека модификациите на каросеријата на автомобилот резултираа со дополнително подобрена безбедност.

Покрај тоа, тука беа и бројни други технолошки иновации поврзани со третата генерација на Golf. Многу нови функции дебитираа во овој модел: Шест цилиндричен мотор (VR6), темпомат и првото директно вбризгување кај дизел моторите (TDI во 1993 година). Исто така, во 1996, ABS стана стандард кај сите модели на Golf. Во 1993 година, Volkswgen го воведе новот кабриолет врз основа на Golf III, со нов погон на сите тркала како и првата караванска изведба - Golf Variant.

 

Golf IV: Под раководство на Хартмут Варкус, шеф на одделот за дизајн во Volkswagen, Golf IV се појави со кристално јасен и прецизен дизајн. Во новата генерација дебитираше системот ESC во 1998 година, а автомобилот продолжи да ја усовршува безбедностa. Исто така во 1998 година, Volkswagen го воведе првиот модел со погон на сите тркала и со Haldex спојка - Golf 4MOTION.

Една година подоцна, ESC стана стандардна карактеристика. Следуваше моторот со директно вбризгување (FSI), а свое деби имаа и страничните воздушни перничиња. Во 2002 година, Volkswagen го претстави моделот R32, со максимална брзина од 250 km/h. Во овој врвен модел, во 2003-та година за прв пат беше вградена револуционерната двојна спојка (DSG).

Golf V: Во 2003-та година петтата генерација на Golf го подигна нивото во поглед на удобноста и динамичноста и ги остави зад себе сите конкуренти во класата. По нарачка, за прв пат кај Golf беа достапни страничните воздушни перничиња - заедно со шест стандардни воздушни перничиња. Во однос на комфорот и динамичните перформанси, Golf V поентираше во повеќе области: седум-брзински DSG автоматски менувач, Bi-Xenon предни светла, панорамски лизгачки кров како и со првиот мотор во светот со двојно напојување (TSI во 2006), комбинација на турбо и супер полнач. Во 2006-та година, Golf Plus го имаше своето деби; во 2007-ма следуваше Cross Golf, потоа беше претставен Golf Variant и исклучително штедливиот Golf BlueMotion кој троши 4,5 l/100 km.

Golf VI: За само четири години, до крајот на јули 2012 година, беа произведени уште 2.850.000 автомобили Golf, врз основа на шестата генерација лансирана во 2008 година. Уште еднаш беше направен голем напредок во поглед на безбедностa: На EuroNCAP тестот автомобилот ги освои максималните пет ѕвезди. Во меѓувреме, новите TSI мотори и common rail системот кај турбо дизел моторите (TDI) придонеса за поголема динамика и помала потрошувачка.

Кога станува збор за ниска потрошувачка, сите рекорди ги сруши втората генерација на Golf BlueMotion која имаше комбинирана потрошувачка од само 3,8 l/100 km, што е еквивалентно на 99 g/km CO2. Новитети беа и системот за автоматско регулирање на долгите светла, Park Assist - системот за помош при паркирање итн. Сите тие нови технолошки иновации ја направија шестата генерација на Golf најнапредна дотогаш.

Golf VII: Во септември 2012 година, Volkswagen ја прослави светската премиера на седмата генерација на Golf. Тежината на новиот Golf беше намалена за дури 100 kg. Потрошувачката на гориво се намали за максимални 23%, во зависност од изборот на моторот. Новиот Golf TDI BlueMotion троши само 3,2 l/100 km што е еквивалентно на CO2 oд 85 g/km. Покрај тоа, Volkswagen го опреми Golf со цела линија на нови системи за помош на возачот - некои како опциони а други како стандардни.

Оваа 2014 година, Volkswagen го претстави електричниот погон кај компактната класа, e-Golf со опсег од околу 190 километри. Овој модел веќе може да се нарача. Како дополнување, новиот Golf GTE3 ќе биде лансиран оваа есен. Plug-in хибридниот погонски систем троши само 1,5 l/100 km. Само со електричен погон, Golf GTE може да помине 50 километри.

Golf е најуспешниот модел на Volkswagen. Летото, 2013-та година беше произведен 30 милионитиот Golf, врз основа на седмата генерација.

1. Golf TDI BlueMotion: потрошувачка на гориво во литри на 100 km: 3,5 (градска) / 3,0 (на отворено) / 3,2 (комбинирано), емисија на CO2 g/km : 85 (комбинирано), класа ефикасност: А+

2. е-Golf потрошувачка на енергија во kWh/100 km: 12,7 (комбинирано); Емисија на CO2 во g/km: 0; класа ефикасност: A+

3. Golf GTE : Потрошувачка на гориво (комбинирана) 1,5l/100 km , CO2 35 g/km, класа ефикасност: А+ 


Volkswagen Golf VII
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил