Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Најскапите автомобили на саемот во Њујорк
 
Spodeli
21 April 2014, 19:54


Најскапите автомобили на саемот во Њујорк  Најскапите автомобили на саемот во Њујорк
Од футуристички дизајн до најновите технолошки решенија за заштеда на енергија - саемот за автомобили во Њујорк е местото каде што во моментов се покажува кој е кој во автомобилската индустрија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На саемот за автомобили во Њујорк, кој за јавноста беше отворен во петокот, се претставени некои од најексклузивните модели на годината - како во однос на нивните перформанси, така и во однос на цената. Во продолжение погледнете ја оваа листа од 11 автомобили, која ја започнуваме со најскапите...

Bugatti Veyron: 2,5 милиони долари

Од 0 до 100 km/h, Veyron забрзува за помалку од три секунди. Компанијата секоја година произведува нешто помалку од 40 вакви автомобили. Стандардниот Veyron може да достигне максимална брзина од 407 km/h, брзина што е одржлива за време од 12 минути по што ќе биде потребно ново полнење на резервоарот.

Koenigsegg Agera R: 1,6 милиони долари

Koenigsegg Automotive е шведски производител на спортски автомобили со високи перформанси, исто така познати и како хипер автомобили. Компанијата ќе ја отвори својата прва продавница во Њујорк во текот на годинава.

Porsche 918 Spyder: 845,000 долари

Еден од најбрзите автомобили наменети за улично возење. Со 887 КС, од 0 до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди. Исто така, може да извози 30 km само на електричен погон.

Soleil Anadi: 300,000 долари

Овој италијански спортски автомобил со 651 КС од 0 до 100 km/h забрзува за 3,2 секунди. Внатрешноста на автомобилот е 100% рачна изработка.

Aston Martin Vanquish Volante: 297,995 долари

Овој кабриолет испорачува 565 коњски сили при 6.750 вртежи во минута. Јаглеродните влакна ја намалуваат тежината а додаваат на сила и флексибилност.

Land Rover Range Rover LWB: 185,000 долари

Land Rover го продолжи меѓуоскиното растојание од Range Rover за 18 cm, должина која речиси во целост се користи за зголемување на просторот кај нозете за патниците од задната клупа.

Mercedes-Benz S-Class Coupe: 170,000 долари

Иако цената на овој автомобил не е официјално објавена, претставниците на саемот за автомобили шпекулираа со сума помеѓу 160 - 180,000 долари. Автомобилот располага со twin turbo V8 мотор со 577 КС.

Maserati GranTurismo MC Centennial Edition Range: 160,000 долари

Ова Maserati има 4,7-литарски, V8 мотор кој овозможува максимална брзина од 298 km/h. Centennial Edition е достапен во две посебни бои, magma red и inchiostro blue.

Mercedes Benz G Class SUV: 140,000 долари

Масивниот 5,5-литарски V8 мотор е доволен за забрзување од 0 до 100 km/h за шест секунди.

BMW i8: 135,000 долари

Овој хибрид располага со моќност од 362 КС и доаѓа во четири бои: ionic silver, protonic blue (на сликата), crystal white и sophisto grey. i8 само на електрична енергија може да помине околу 35 километри со максимална брзина од 120 km/h.

Saleen 302 Black Label Mustang: 114,000 долари

Saleen произведува limited edition модели со високи перформанси. Компанијата е основана од страна на Стив Салин во 1983 година. Овој автомобил има моќен V8 мотор со 625 коњски сили.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил