Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Усвоен новиот правилник за бодување во F1
 
Spodeli
03 February 2010, 12:37


Усвоен новиот правилник за бодување во F1  Усвоен новиот правилник за бодување во F1
Светската автомобилистичка федерација - ФИА и Формула 1 тимовите, на денешниот состанок официјално го усвоија новиот начин на бодување на трките од наредната сезона....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во месец декември, ФИА истакна дека на разгледување ќе го понуди системот според кој првите 10 во пласманот на крајот од една трка ќе добиваат бодови, со тоа што зголемена е разликата помеѓу најдобрите, со цел повеќе да се мотивираат возачите да победат на една трка. Понудениот систем предвидуваше 25 бода за победникот, 20 за второ пласираниот, а потоа 15 за третиот, 10 за четвртиот и уште 8, 6, 5, 3, 2 и 1 за преостанатите меѓу првите 10.

Сепак, на денешниот состанок усвоена беше уште поекстремна варијанта која веќе е официјализирана а изгледа вака: 25-18-15-12-10-8-6-4-2-1. ФИА и Ф1 тимовите овој начин на бодување го нарекоа "трка за победа", а во наредните 48 часа се очекува и Светскиот Суд за мото-спортови да го усвои предлогот со што и официјално ќе влезе во Правилникот за наредната сезона.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
закон работа така треба
Напишан од zdravko  пред  околу 114 месеци
Мислам дека одлуката е на место....... победата мора да се награди. Сите други не се толку важни.
Напишан од Mite  пред  околу 115 месеци
ekelston nee salam negova idea e ahahahahah
Напишан од hahaha  пред  околу 115 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил