Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Вака ќе изгледа новиот Prius
 
Spodeli
07 April 2014, 03:12


Вака ќе изгледа новиот Prius Toyota Prius Hybrid Вака ќе изгледа новиот Prius
Новиот Toyota Prius на пазарот ќе биде лансиран следната година, а од својот претходник ќе се разликува по многу нешта...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Имено, новиот Prius е првиот модел што ќе се базира на TNGA платформата, која јапонската компанија ја конструираше како одговор на MQB од Volkswagen. Благодарение на тоа автомобилот ќе биде значително поефикасен, со подобрено управување и со погон на четири тркала.

Најновиот сет на „шпионски“ фотографии потврдува дека Toyota Prius ќе го задржи препознатливиот конусен облик. Високиот заден дел, ниската предница и мазната линија на покривот се од суштинско значење за аеродинамиката на овој модел.

Тенките фарови, LED „веѓите“ и пошироката маска се најновите решенија во серијата од храбари дизајнерски потези кои ги повлекува Toyota.

Новата платформа им овозможи на инженерите да направат извесни подобрувања и во однос на моторизацијата. Обновената конфигурација ќе донесе поголема ефикасност и намалена емисија на CO2, така што предните тркала и натаму ќе бидат придвижувани од 1,8-литарски бензински агрегат и намален електричен мотор, додека за задната оска, исто така, ќе биде задолжен со електричен мотор.

Една од главните дилеми на Toyota при конструкцијата на новиот модел беше дали и натаму да се задржат поевтините никел-метал хибридни батерии, какви што се користат во актуеклниот Prius, или да се направи надградба со литиум-јонски батерии.

Се верува дека погонот на четири ткала и значајните пдобрувања во внатрешноста се новитети кои треба дополнително да го оправдаат воведувањето на поскапиот извор на енергија. Како резултат на низата подобрувања, новиот Prius може да се искачи малку погоре во понудата на јапонскиот производител, оставајќи ги хибридните изведби на Auris и Yaris за клиентите со „поплиток“ џеб.


Toyota Prius Hybrid
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил