Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Рос Браун: Во Мерцедес нема да има пилот број 1
 
Spodeli
03 February 2010, 11:50


Рос Браун: Во Мерцедес нема да има пилот број 1  Рос Браун: Во Мерцедес нема да има пилот број 1
Шефот на Мерцедес ГП, Рос Браун изјави дека во тимот нема да има пилот број еден во текот на следната сезона....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Така британецот го отфрли општото мислеењ дека ѕвездата на тимот и седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер ќе биде фаворизиран на сметка на младиот негов сонародник Нико Розберг.

Во текот на минатите години кога Рос Браун и Михаел Шумахер заедно работеа во Бенетон и во Ферари, летечкиот германец секогаш беше фаворизиран пред клубските колеги и секогаш ја добивал целата поддршка од тимот.

„Во Мерцедес нема пилт број еден и не мислиме дека ќе има. Односот на тимот ќе биде еднаков и кон Шумахер и кон Розберг. Се разбира ако во текот на сезоната еден од пилотите има поголема шанса за титулата или другиот е надвор од борбата, нашите приоритети ќе се променат“, изјави Браун.

„Мислам дека покажавме со нашиот поход во минатата година кога работевме со Џенсон Батон и Рубенс Барикело. таква ќе биде ситуацијата во тимот и во 2010 година. Шумахер и Розберг ќе се натпреваруваат меѓусебе без одлуки од боксот, но на разумен начин и во полза на тимот“, заврши тој.

Извор: Спорт Денес





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил