Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Volvo развива нова платформа за компактни модели
 
Spodeli
25 March 2014, 19:44


Volvo развива нова платформа за компактни модели  Volvo развива нова платформа за компактни модели
Шведскиот производител во последно време често ја споменува својата нова модуларна платформа наречена SPA (Scalable Product Architecture), но паралелно се нејзиниот, се одвива и развојот на помалку познатата платформа Compact Modular Architecture (CMA) ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што укажува и самото име, станува збор за платформа на која ќе се базираат новите компактни модели од Volvo. Во почетокот производителот имаше намера оваа платформа да ја развие во соработка со други европски компании, но на крајот како партнер се јави кинескиот Geely.

Први кандидати за новата платформа се следната генерација на моделот V40, кој ќе стане вистински караван, C30 односно потенцијалниот C40 компактен модел со пет врати, но и неговата кросовер изведба на која, наводно, Volvo работи во моментов, а која би го носела називот XC40. Исто така, се шпекулира дека Volvo најверојатно ќе понуди и помал седан, односно дека ќе ја прошири и комплетира понудата на компактни модели.

Комерцијализацијата на првите модели кои ќе се базираат на оваа платформа, се очекува за околу три до четири години.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил