Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Volvo Concept Estate - најдобриoт автомобил во Женева
 
Spodeli
14 March 2014, 13:52


Volvo Concept Estate - најдобриoт автомобил во Женева  Volvo Concept Estate - најдобриoт автомобил во Женева
Со своето трио од концептни модели, Volvo го погоди вкусот на јавноста и собра бројни награди, а неодамна претставениот Concept Estate, кој својата премиера ја имаше на саемот за автомобили во Женева, беше прогласен за најдобар од неколку етаблирани меѓународни медиуми...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Со своите концепти, Volvo навистина зачекори по победничка патека бидејќи покрај последната награда за Concept Estate, претходно со признанија се закитија и Concept Coupé кој беше прогласен за најдобар автомобил на саемот во Франкфурт, додека пак Concept XC Coupé ја освои престижната „Eyes ON Design“ награда што се доделува на саемот за автомобили во Детроит.

Глобалната заинтересираност за концептите на Volvo станува се' поголема, бидејќи сите тие ја навестуваат целосно новата генерација на SUV моделот XC90, чие деби се очекува во текот на оваа година. И не само тоа, туку овие изведби всушност ја покажуваат насоката во која ќе се движи дизајнот на сите идни автомобили од Volvo.

Трите последователни награди само ја потенцираат драматичната трансформација низ која минува Volvo, а со која раководи Томас Ингелат, заменик претседател за дизајн во компанијата Volvo Cars. Ваквата трансформација е инспирирана од едноставноста, функционалноста и убавината, како главни карактеристики на скандинавскиот дизајн.

Всушност, најголемата предност на атрактивниот ентериер од новиот Volvo Concept Estate е токму неговата едноставност. Стандардните копчиња се заменети со голем контролен дисплеј на централната конзола, со екран чувствителен на допир, кој во внатрешноста на Volvo го внесува 21-от век.

Паралелно со лансирањето на новиот ентериер и централната конзола, Volvo најави стратешко партнерство со Apple Inc, со што ќе се овозможи во автомобилите на шведскиот производител да се користи оперативниот систем на Apple.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил