Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Наследникот на Alto пристигнува во втората половина на 2014-та
 
Spodeli
09 March 2014, 18:00


Наследникот на Alto пристигнува во втората половина на 2014-та Suzuki Celerio Наследникот на Alto пристигнува во втората половина на 2014-та
Celerio e целосно нов мал автомобил на Suzuki, во класата на Alto, кој својата премиера ја доживеа на саемот за автомобили во Женева, а е наменет за светскиот пазар ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во период кога светската автомобилска индустрија се уште ги чувствува последиците од кризата, и кога конкуренцијата веќе ги претстави новите 108, C1, Aygo, Panda, Twingo, реномираниот јапонски производител Suzuki, инаку експерт за производство на мали автомобили претстави целосно нов автомобил, што се карактеризира со оптимално ниво на опременост, кое ги надминува очекувањата на клиентите.

Како што најавуваат од Suzuki, Celerio овозможува лесно возење, што е една од препознатливите карактеристики на автомобилите од ваа класа, истовремено нудејќи ентериер подобар од оние во конвенционалните возила од А-сегментот, како и капацитет на багажниот простор од 254 литри, што е рекорд во класата. Celerio ја има и најниската емисија на CO2 во својата класа (што ќе значи и најниска потрошувачка), а може да се пофали и со нов мотор и нова трансмисија.

Најниска емисија на CO2 во класата

Покрај новитетите во поглед на моторизацијата, големо внимание било посветено и на намалување на вкупната тежина на возилото,  како и на подобрување на аеродинамичните перформанси со цел да се постигне ниска емисија на CO2, која изнесува 85 g/km, што е рекорд во класата, без притоа да се загрозува динамичноста во возењето.

Дизајн

Острата предна маска со изразени фарови, флуидните линии кои се протегаат од предниот до задниот дел на автомобилот, како и задниот аеродинамичен дел, се дизајнерските елементи „виновни“ за впечатливиот изглед на овој модел, формирајќи силуета која оддава чувство на удобност во кабината.

При дизајнирањето на ентериерот на Celerio, големо внимание е посветено на едноставноста и симетријата, при што фокусот е поставен на централниот панел.

За каросеријата ќе стојат на располагање девет бои, од кои три се нови (сина, жолта и розова, сите во металик изведба). Во внатрешноста доминира црната бока, иако на седиштата воочливи се и детали во сина, жолта или сива нијанса, во зависност од бојата на каросеријата. 

Удобен внатрешен простор

Со враќање кон основите и модифицирање на самата структура на каросеријата, Suziki како експерт за мали автомобили успеал во намерата да конструира компактен, но простран автомобил со должина од 3.600 и ширина од 1.600 mm. Висината од 1.530 mm и незакосената линија на покривот овозможуваат поголем простор во пределот на главата. Од друга страна пак, меѓуоскиното растојание од 2.425 mm е сосема доволно за во кабината да се обезбеди удобност при патувањето.

Најголем багажен простор во класата

Рамната конструкција на задната суспензија резултира со поголема цврстина и понизок под на багажникот, што овозможува капацитет од неверојатни 254 литри, што особено ќе ги израдува оние кои сакаат мал, а семеен автомобил. Ова обезбедува вистинска леснотија при пакувањето на секаков вид на багаж. Во прилог оди и нискиот товарен раб со 682 милиметри над земја.

Моторизација

Celerio ќе биде достапен со избор помеѓу два мотори, од кое еден е целосно нов и носи ознака K10C, кој ќе има start/stop и ќе троши неверојатни 3.66 l/100km.

K10C

Новиот 1,0-литарски K10C бензински агрегат се карактеризира со голем напредок во термичката ефикасност и постигнува високо ниво на рамнотежа помеѓу динамичните перформанси и ниската потрошувачка на гориво. Согорувањето е подобрено и благодарение на системот со двојно вбризгување. Исто така, Suzuki користи и различни технологии за намалување на триењето, кои го спречуваат губењето на енергија на моторот. Во комбинација со серискиот систем start/stop, овој агрегат постигнува впечатлива штедливост со просечно 3,66 литри на 100 километри и емисија на CO2 од само 85 грамa на километар.

K10B мотор

За потребите на новиот автомобил, Suzuki имплементира и неколку подобрувања на K10B моторот, пред се тоа се однесува на нмалување на тежината и триењето.

Трансмисија

Новиот пет-брзински рачен менувач овозможува ниска потрошувачка на гориво и глатко менување на брзините со намалено триење и полесно водење на рачката на менувачот, а како негова алтернатива тука е и Auto Gear Shift, автоматизираната рачна трансмисија со функција Intelligent Shift Control Actuator.

Безбедносни карактеристики

Многуте новитети секако носат и подобрување на безбедноста. Celerio може да се пофали со Total Effective Control (TEC) технологијата, која, со примена на челични материјали со висока цврстина (кои овозможуваат помала дебелина на ламарината и воедно поголема цврстина) ја подобрува безбедносната структура на каросеријата,

Suzuki Celerio, наследникот на попоуларниот Alto, на пазарите во Европа ќе биде достапен од втората половина на 2014-та година, период кога го очекуваме и во Македонија.


Suzuki Celerio
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил