Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Од Tesla Model S направиле подвижна дневна соба
 
Spodeli
20 February 2014, 18:21


Од Tesla Model S направиле подвижна дневна соба Tesla Model S Од Tesla Model S направиле подвижна дневна соба
Момците од Rinspeed сe свесни за електричната иднина на автомобилската индустрија, па затоа и се одрекоа од модифицирање на Porsche и Lotus модели, во корист на најпознатиот електричен автомобил во светот - Tesla Model S...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

XchangeE, е всушност стандарден модел со минимални модификации на надворешноста, но затоа пак ентериерот има претпрено темелни измени. Промените се толку радикални што многу тешко ќе препознаете дека станува збор за автомобилот од Пало Алто.

Возилото се карактеризира со многу необични решенија, почнувајќи од steer-by-wire уравувачот кој може да се преместува хоризонтално, со цел да се ослободи простор за патниците, потоа тука е и масовниот 32-инчен дисплеј што служи како ТВ кога ќе одлучаите да го трансформирате својот автомобил во подвижна дневна соба.

Седишта се ротираат за 180 степени и глатко се сместуваат меѓу прецизно дизајнираните агли за максимална удобност. Вреди да се издвои покривот направен од плексиглас и збогатен со дури 358 индивидуално контролирани LED диоди кои создаваат несекојдневно амбиентално осветлување, а производителот предвидел дури и апарат за кафе.

Се разбира, автомобилот е безжично конектиран со интернет, а единственото нешто што Швајцарската компанија се' уште не го обелодни е тоа каков систем за автономна контрола ќе користи ова возило.


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил