Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Peugeot ќе го лансира HybridAir системот со компресиран воздух
 
Spodeli
17 February 2014, 23:45


Peugeot ќе го лансира HybridAir системот со компресиран воздух  Peugeot ќе го лансира HybridAir системот со компресиран воздух
Првиот хибрид во светот со компресиран воздух, кој го развива PSA корпорацијата, ќе почне да се вградува во моделот 2008 во 2016 година, а ќе биде претставен на саемот во Женева...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Се работи за систем кој користи резервоар со компресиран воздух, кој потоа помага на моторот со внатрешно согорување, како би се намалила потрошувачката. Од Peugeot ветуваат пониска потрошувачка дури и во однос на хибридите со електричен погон, без драстично зголемување на масата на возилото.

Покрај новиот хибриден систем, Peugeot планира нов турбо бензинец со три цилиндари и зафатнина од 1,2 литри, кој ќе има максимална сила од 130 КС и ќе се вградува во 308. Истиот мотор, без турбо полнач, во верзии со зафатнина од 1,2 литри и 1,0 литри, ќе се вградува и во новиот 108.
 
Peugeot не ги заборави ни дизелите, па така во Женева ќе биде претставен новиот BlueHDi дизел, кој благодарение на новиот катализатор, ќе ги задржува 99,9% од партикуларните честички, односно до 90% од азотните оксиди, кои се главни причинители за загадувањето во урбаните средини.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил