Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Peugeot 108 – францускиот мини станува вистински лајфстајл автомобил!
 
Spodeli
17 February 2014, 03:36


Peugeot 108 – францускиот мини станува вистински лајфстајл автомобил! Peugeot 108 Peugeot 108 – францускиот мини станува вистински лајфстајл автомобил!
Достапен дури и во кабрио изведба, како и каросерија во две различни бои, новиот 108 ќе биде вистински градски шармер...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Но, надворешниот шарм го крие најлесниот, најекономичен и најчист автомобил во класата на градски возила! 108 тежи само 840 kg во основната изведба со 1.0 литарскиот бензинец со 68 КС и испушта извонредно ниски 88 g/km CO2 во атмосферата, со очекувана потрошувачка под 4 литри на 100 km, што е досега невидено за еден бензински агрегат. И посилниот 1,2 литарски бензинец со 82 КС нема да троши многу повеќе, а ќе испушта 99 g/km CO2, што е под магичната граница од 100 g/km…

Однадвор, сега со маска како новата 308-ка, најмалиот Peugeot плени со својот шарм и несекојдневни облици. Предните LED светла се вргадени во големите фаровиКаросеријата, за разлика од многу од конкурентите, остана вистински компактна, со должина од само 3,47 метри, ширина од 1,62 метри и благодарение на кругот на свртување од само 4.8 метри, ќе биде најлесниот автомобил за возење низ град и низ тесните паркинзи. Од Peugeot ветуваат и најдобра прегледност во класата, што дополнително треба да ги олесни работите.
 
Внатрешноста повторно ќе биде регистрирана за 4 патници, што е одличен потег, бидејќи и така, во ниту еден мал градски автомобил, седењето во средина позади не е најсреќно решение. Багажникот брои 180 литри, што е за 40 литри повеќе од претходникот, капацитет кој може да се зголеми на 750 литри со спуштањето на задните седишта, кои се делат во сооднос 50:50. Низ кабината ќе има повеќе места за одлагање ситници, меѓу кои и големи џебови во вратите за шишиња до 0,5 литри.
 
 
За прв пат во класата, како дополнителна опрема ќе биде понуден 7 инчен дисплеј на допир, кој не само што ќе ги покажува сите поважни функции, туку ќе има и можност за целосно прикажување на екранот на смартфонот на поголемиот екран. Во превод, мобилниот ќе можете да го оставите во џеб, а ќе можете да работите со него на големиот екран во автомобилот, па дури и да ги користите апликациите, како на пример навигацијата! Системот работи со сите поголеми оперативни системи, како Android, Windows Phone, RIM и iOS! Исто така, дисплејот покажува слика од камерата во задниот дел, како дополнително би се олеснило паркирањето.
 
Покрај иновативната мултимедијална опрема, 108 ќе биде стандардно опремен со цел сет контроли за стабилноста, кои вклучуваат ABS+ESP, како и контрола на притисокот во гумите и систем за помош при тргнување по нагорнина. Зависно од моторот, стандардно ќе се вградуваат 14 или 15 инчни тркала, со димензии на гумите од 165/65 R14 и 165/60 R15. Благодарение на ниската маса и зголемениот траг на тркалата напред и назад, од Peugeot ветуваат исклучителна возливост и агилност, а во исто време и високи нивоа на удобност.
 
 
Големи ќе бидат и можностите за персонализација, со понудата на неколку различни надворешни теми, како Sport, Glamour (со дијаманти на хаубата), Porcelaine, Tattoo и Dressy, како и Dual Tone опција за две различни бои на надворешноста. Кабрио моделот, кој ќе биде за прв пат достапен како опција, исто така ќе има можност за избор на различна боја на платнениот покрив, кој пак ќе има отвор од одлични 80 на 76 сантиметри и ќе овозможи широк поглед на небото. Големи ќе бидат и можностите за персонализација на внатрешноста, со избор на неколку различни бои за предната конзола и ткаенината на седиштата.
 
Peugeot 108 ќе биде достапен на пазарите во Европа на 1 Јули, заедно со Citroen C1 и Toyota Aygo, со кои, како и досега, ќе ја дели платформата и ќе се произведува во истата фабрика во Колин, Чешка.

Peugeot 108
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил