Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Новиот мотор од Nissan тежи 40 kg и развива 400 КС!
 
Spodeli
30 January 2014, 20:21


Новиот мотор од Nissan тежи 40 kg и развива 400 КС!  Новиот мотор од Nissan тежи 40 kg и развива 400 КС!
Пред да се понадевате дека наскоро овој мотор ќе го видиме под хаубата на Micra, треба да се напомене дека засега, станува збор само за примерок кој ќе го придвижува Nissan-овиот болид ZEOD RC, во новата сезона на 24 часа Le Mans ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Турбо бензинецот DIG-T R не само што е мал, но исто така е и неверојатно лесен. Тежи само 40 килограми, што според соодносот тежина/моќ го прави посилен дури и од новата генерација на V6 мотори кои се користат во Formula 1.

Се прашувате колку конкретно изнесува моќноста? Дури 400 КС при 7.500 вртежи во минута и 380 Nm вртежен момент. Да, добро прочитавте. Малиот бензински агрегат, за кој Nissan и не објавува премногу детали, ќе биде потпомогнат од електричен мотор, а моќта ќе ја пренесува благодарение на 5-брзински менувач.

Останува да се надеваме дека во блиска иднина ќе видиме и негова комерцијална изведба.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил