Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > WTCC > Продолжуваат тестирањата на C-Elysée WTCC
 
Spodeli
28 January 2014, 23:06


Продолжуваат тестирањата на C-Elysée WTCC  Продолжуваат тестирањата на C-Elysée WTCC
На неколку месеци до отворањето на WTC шампионатот во Маракеш (12-ти и 13-ти април), Citroën Racing ги интензивира подготовките на моделот C-Elysée WTCC...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во интервјуто кое следува во продолжение, Хавиер Местелан-Пињон, техничкиот директор на Citroën Racing тимот, на запознава со најновите ситуации и предизвици пред кои е исправен тимот што осум пати се има искачено на највисокото место на пиедесталот на World Rally Championship.

Кои беа досегашните главни фази на проектот наречен C-Elysée WTCC?

"Во текот на зимата 2012-та, го трансформиравме DS3 WRC во лабораториски експеримент, со цел да одговориме на прашањата кои ги имавме во врска со работата на еден т.н. touring автомобил. Ваквата прелиминарна работа ни овозможи да бидеме поефикасни при концепирањето на C-Elysée WTCC, кој за прв пат го презентиравме кон средината на јули 2013-та година. До крајот на минатата година, ја подобривме безбедноста и ефикасноста на C-Elysée WTCC преку воведување на нови компоненти. Од почетокот на оваа година, техничките карактеристики се целосно дефинирани и сега се концентрираме на тоа кој е нивниот максимум. Направени се и подобрувања во однос на пневматиците и управливоста на возилото".

Кои беа главните "лекции" што ги научивте во фазата на развој?

"Со новите технички прописи на FIA WTCC, сите параметри се менуваат. Автомобилите за 2014-та се поголеми, полесни и помоќни... Поради тоа очигледна беше потребата од подобрување на аеродинамиката. Работевме многу во оваа област, со употреба на CFD, а потоа направивме и неколку тестирања во воздушен тунел. Конечниот резултат се' уште не е презентиран на патека и така ќе остане се' до нашиот последен тест пред почетокот на сезоната".

Но, дали аеродинамиката е единствената област во која имате постигнато напредок?

"Навистина, секоја компонента бара посебно внимание. Земете ја суспензијата за пример: стартувавме со дефинирање на геометријата, почнувајќи со она што најдобро го знаевме, Xsara Kit-автомобилот, со погон на предните тркала, конструиран за возење на асфалт. Сепак ни беше потребно многу време за да ја постигнеме потребната ефикасност и сигурност. Што се однесува до моторот, нашата работа во овој поглед беше полесна. Моторот на C-Elysée WTCC е еволуција на она што беше започнато за DS3 WRC и она што беше користено за четвртата сезона на релито. Одредени технологии, како на пример "Fresh air", не се толку чувствителни во трки и брзо постигнавме задоволувачки резултати. Дури и со дополнителни 50 коњски сили, не се соочивме со поголеми проблеми во однос на сигурноста".

Кога ќе биде извршена хомологација на C-Elysée WTCC?

"Ние ќе го презентираме автомобилот пред FIA во средината на март. По оваа фаза, одреден број на компоненти ќе бидат ставени во мирување, но ќе бидеме во можност да правиме промени користејќи вајлд-карта. Меѓутоа и покрај овие регулативи, сепак нашата цел е да имаме автомобил кој ќе биде конкурентен и сигурен уште од самиот почеток на натпреварувањето. Мора да бидеме целосно подготвени за она што не очекува во Маракеш".





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од WTCC



 
 
 
 






Одберете нов автомобил