Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Chrysler 200 - американски модел на италијанска платформа
 
Spodeli
24 January 2014, 19:35


Chrysler 200 - американски модел на италијанска платформа  Chrysler 200 - американски модел на италијанска платформа
Новиот Chrysler 200 може да се пофали со целосно нов изглед кој се одликува со значителна доза на елеганција, но сепак станува збор за дизајн кој е типичен за американскиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кон крајот на летото 2013-та, кога беше најавена втората генерација на Chrysler 200, Серџио Марчионе, првиот човек на Fiat, ја отфрли можноста дека новиот модел на американскиот производител би пристигнал на европскиот пазар под логото на Lancia. По претставувањето на втората генерација од овој модел на саемот за автомобили во Детроит, одлуката на Италијанците стана поразбирлива. Имено, новиот Chrysler 200 може да се пофали со целосно нов изглед кој се одликува со значителна доза на елеганција, но сепак станува збор за дизајн што е типичен за американскиот пазар. Fiat како сопственик на Chrysler и натаму го негира доаѓаето на овој модел во Европа.

Со иновативен изглед, кој ја открива иднината на дизајнерскиот јазик на Chrysler, новиот 200 ја користи платформата од Alfa Romeo Giulietta и новиот Jeep Cherokee и е првиот автомобил во својата класа кој може да се пофали со автоматски менувач со девет степени на пренос. Првите официјални информации не најавуваат големи промени во однос на моторизацијата. Во понудата ќе се најдат веќе познатите бензински мотори, но освежени. 4-цилиндричниот, 2,4-литарски агрегат сега развива 184 КС и е назначен како MultiAir2, додека моќноста на 3,6-литарскиот V6 Pentastar се зголеми на 295 КС.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил