Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Како да го подготвите автомобилот за зимскиот одмор?
 
Spodeli
06 January 2014, 17:29


Како да го подготвите автомобилот за зимскиот одмор?  Како да го подготвите автомобилот за зимскиот одмор?
Поради опасноста од екстремно ниски температури во овој период од годината, исклучително е важно добро да го опремите и подготвите својот автомобил пред заминување на зимски одмор...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ако до сега не сте обезбедиле зимски гуми за вашиот автомобил, редно време е да го направите тоа. Зимските гуми не се само за возење на снег. Штом температурата падне под нула, дури и најлошите зимски гуми ќе овозможат повеќе безбедност и подобри перформанси од најдобрите летни пневматици.

Зимските гуми треба да бидат од иста марка, со големина која се препорачува од страна на производителот, се монтираат на сите четири тркала а не само на тркалата од погонската оска, бидејќи никој не сака автомобил чии два краја се однесуваат различно на условите на патот.

Во идеални услови, пред патувањето треба да направите сервис, но повеќето од работите можете да ги средите и сами.

Во течноста за ладење потребно е да се додаде антифриз во сооднис 50:50. Секако, препорачливо е да додадете и средство за чистење на шофершајбната, а можно е да ги замените и бришачите доколку старите се веќе истрошени. Ако возилото е постаро од три години пожелно е да се промени и акумулаторот. Исто така во моторот можете да ставите масло кое овозможува поефикасна работа во зимски услови.

Веројатно ова не треба да се напоменува, но во никој случај не заминувајте на пат без зимска опрема. Во багажникот ќе треба да обезбедите место за ланци, основен алат, прва помош, напумпана резервна гума, метла и стругалка за мраз, батериска ламба и топла облека.

Недостатокот на зимска опрема може да ве „олесни“ за неколку стотици евра, во зависност од тоа во која земја патувате.

На крајот и ние уште еднаш да ги цитираме службите за безбедност во сообраќајот: „Во зимски услови е особено важно да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и брзината на движење да се прилагоди на условите на патот“.

Ви посакуваме безбедно патување и пријатен одмор.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил