Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Citroen го претстави новиот DS 5LS
 
Spodeli
23 December 2013, 22:22


Citroen го претстави новиот DS 5LS Citroën DS 5LS * Citroen го претстави новиот DS 5LS
На 19 декември, во Лувр - едно од најпрепознатливите места во Париз, пред бројните кинески новинари и претставници на меѓународниот печат, Citroen го претстави својот новитет DS 5LS...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој луксузен седан се произведува во фабриката Шенжен во Кина и претставува чекор напред во развојот на DS марката во таа земја. DS 5LS хармонично ги комбинира обемот и просторноста на сегментот, со софистицираност, стил и моќност препознатливи за линијата DS. Овој нов модел кој во Кина ќе започне да се продава во март 2014-та, ќе биде главен двигател на меѓународниот развој на DS.

Mоќните а рафинирани линии на DS 5LS (должина: 4.70 m, ширина: 1.84 m, висина: 1.50 m) се главните фактори на динамичниот дизајн кој е препознатлив белег во DS универзумот. Преку моделот воедно се промовира и новиот дизајн на предниот дел на автомобилите од оваа линија, инспириран од концептите Numero 9 и Wild Rubis. Автомобилот се одликува со прецизно извајана маска наречена "DS Wings", која го добила својот назив поради двете хромирани "крила" кои ги поврзуваат фаровите. Овие елементи формираат затегнат лак кој на предниот крај му дава динамичен, модерен изглед. Широката композиција на каросеријата во комбинација со големите тркала додава дополнителна виталност на динамичниот стил на DS 5LS. Карактеристична црта на моќниот, скулпторски дизајниран заден дел му даваат уникатните LED светла, со хромирани прстени во внатрешноста на стаклото кои креираат посебен 3D ефект.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил