Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Концепт > Rinspeed го најави концептот XchangЕ
 
Spodeli
21 December 2013, 22:36


Rinspeed го најави концептот XchangЕ Rinspeed XchangЕ Rinspeed го најави концептот XchangЕ
Швајцарската работилница за каросерии, позната по своите необични и најчесто уникатни автомобили, за домашната манифестација - Женевскиот саем за автомобили најави премиера на моделот XchangЕ ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Наводно, станува збор за модел со автономно управување кој е придвижуван од електричен мотор и опремен со напредниот систем steer-by-wire.

Идејата зад оваа студија е патниците да се постават во средиштето на автомобилот, со цел да им се овозможи квалитетно поминато време, без да се грижат за состојбата во сообраќајот. Во внатрешноста се позиционирани четири седишта слични на оние во авионите, а патниците лесно можат да го конвертираат опкружувањето во многу поконфорен амбиент т.н. lounge. Слоганот со кој Rinspeed ќе го промовира овој автомобил гласи "Ни летањето не е подобро!".

Иновативните безбедносни и infotainement решенија би требало да овозможат навистина удобна атмосфера во возилото, чија максимална брзина е ограничена на 120 km/h. Бидејќи автомобилот е опремен со системот steer-by-wire, воланот е мобилен и може да се помести за да не им пречи на патниците.

Премиерата на ова возило ќе се одржи следната пролет во Женева.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Концепт



 
 
 
 






Одберете нов автомобил