Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА       ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Колумна > Како до почист воздух во Скопје!?
 
Spodeli
19 December 2013, 00:33


Како до почист воздух во Скопје!?  Како до почист воздух во Скопје!?
Нема потреба од бројки и дополнителни информации. Видливо е и со голи очи, пече и на бели дробови - Скопје е многу загадено, проблем со кој се соочуваме особено во зимските денови. Како до почисто Скопје? Има начини, но треба да се делува уште сега!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Всушност, Скопје со 80 микрони честички на метар кубен има полош квалитет на воздухот дури и од Њу Јорк (21 микрони на метар кубен), Берлин (26), Москва (33), Париз (38) и Рим (44), кои се мултимилионски градови, населени со повеќе жители на метар квадратен! И соседите се подобри, иако Софија, каде до пред неколку години исто така во мода беше увозот на постари возила, загадувањето е 68 микрони на метар кубен, скоро како кај нас.

Како автомобилите влијаат на загаденоста?

Има многу фактори кои влијаат на загаденоста, но, ќе се задржиме на автомобилите и како тие влијаат на околината... Моментално, во Македонија се користат три видови на гориво: Бензин, Дизел и ТНГ (Течен Нафтен Гас, или популарно, Плин). Јасно, возењето со ТНГ и Дизел гориво е поевтино отколку на Бензин, но, дали е така и со загадувањето?
 
Доколку ги погледнеме бројките за емисијата на CO2 од производителите, дизелите се убедливо најмалите загадувачи. Емисијата на овој гас, кој предизвикува ефект на стаклена градина на глобално ниво, е (речиси секогаш) право-пропорционална со потрошувачката кај моторите. Затоа, помалите потрошувачи на гориво (дизелите), секогаш ќе имаат помала емисија на CO2, освен ако тука не ги исклучиме бензинските хибриди, кои имаат најмала емисија на овој гас во атмосферата.
 
Но, проблемот со загаденоста во Скопје не е CO2. Локалната загаденост во руралните подрачја ја предизвикуваат партикуларните честички, односно оние кои се причината за смогот и кои предизвикуваат серија проблеми со дишните патишта и ултимативно, се екстремно канцерогени. Замислете ги како многу фина и отровна прашина која е распространета низ воздухот.
 
Сите мотори со внатрешно согорување, без исклучок, испуштаат партикуларни честички во атмосферата, но токму дизелите се најголемите загадувачи во овој поглед. Всушност и покрај вградувањето на филтрите за партикуларни честички кај поновите дизели (кај нас и натаму не се вградуваат во сите модели, поради полошиот квалитет на горивото), дизелите испуштаат неколку пати (!) повеќе честички во атмосферата, отколку бензинците. Од друга страна, со вградувањето на ТНГ уред кај бензинските мотори, испуштањето на овие честички дополнително се намалува или во превод, возилата кои возат на ТНГ се најеколошки прифатливи (од пред неколку месеци, кај нас е достапен и природниот гас (Метан), кој е пак почист и од ТНГ, односно е еден од најчистите горива и веројатно енергенсот за наредните неколку децении).
 
Згора на тоа, дизелите испуштаат и драстично повеќе азотни оксиди (NOx), гасови кои се отровни и имаат инстантно влијание на здравјето на луѓето (за разлика од CO2, кој има влијание на климата). Овие тешки гасови се задржуваат во руралните подрачја и придонесуваат за серија тешки заболувања на дишните патишта, но и други видови на труења на организмот.
 
Значи, да сумираме, најголеми „кривци“ за загаденоста и смогот во Скопје се токму дизелите. Навистина, можеби трошат помалку гориво и на глобално ниво, придонесуваат за помал ефект на стаклена градина, но локално, предизвикуваат за драстично влошување на квалитетот на воздухот. Поради овие причини, во центрите на многу главни градови се и забранети, или пак се плаќаат големи давачки за нив. Кај нас, пак, најмногу од возилата кои се увезоа од странство се токму дизели и тоа оние постарите, кои, секако, немаат филтер за партикуларни честички (DPF).
 
Субвенции за малите градски автомобили!
Краткорочно решение за намалување на загадувањето, може да бидат олеснувања за купувањето на помали возила со помали бензинци, од 0,8 до 1,2 литри зафатнина, односно сила до околу 80 КС. Овие мотори не само што се (скоро) економични колку дизелите, но испуштаат и најмалку честички во атмосферата! А со нашето досегашно искуство, можеме да потврдиме дека со нивната агилност и леснотија со која ги развиваат вртежите, одлично прилегаат и на возењето тргни – застани во градски услови.
 
Токму ова се возилата за кои власта треба да даде субвенции. На пример, единствена категорија која во моментов е субвенционирана од страна на Владата се хибридните возила, за кои не се плаќа акциза, но реално, овој потег апсолутно не придонесува за намалување на загадувањето, пред се поради високата цена на овие возила, непогодна за македонскиот купувач и утлимативно, нивната многу мала, незначителна продажба.
 
Затоа, треба уште веднаш се дадат субвенции за купување на градско возило со мал и економичен бензински мотор, независно дали пред продажбата (намалување на даноците, поволности при старо за ново) или пак после тоа (бесплатна регистрација и технички преглед во првите неколку години). Вака, ем ќе профитираат нашите бели дробови (разликата ќе може да се забележи уште првите неколку години), ем ќе профитира автомобилскиот бизнис, кој е во константен пад последниве неколку години!
 
Субвенции за ТНГ или Природен Гас (Метан)
Овие два вида на гориво се моментално најмали загадувачи на околината, од оние достапни кај нас. Досега, не е ништо преземено за зголемување на нивното користење, па товарот за инсталација паѓа само на сопственикот на возилото. Тука пред се мислиме на природниот гас, кој има дупло пониска цена од ТНГ (плинот), а исто така и загадува помалку. Прво, мора да се вложат напори за раширување на мрежата на природниот гас по бензинските пумпи, а потоа и да се дадат евентуални субвенции за вградување на уредот во возилото (моментално цената е над 1.000 евра!). Исто така, вакво, фабрички вградено решение можат да понудат и увозниците на возила во земјава!
 
Да се забрани возење на тешки товарни возила во критичните периоди!
Брз начин за чистење на смогот во Скопје е забраната за возење на тешките товарни возила во критичните периоди (како оваа Зима), од кои сите, без исклучок, имаат дизел мотор. Ова значи дека Терминалите треба уште веднаш да се префрлат надвор од градот и дистрибуцијата на стока во внатрешноста да се врши само со помали возила. Вака е во многу светски метрополи! Кај нас и натаму сме сведоци на премногу „шлепери“ во централното градско подрачје, кои згора на тоа и прават многу врева и гужва.
 
Возете велосипед, поодете пеш или пак, користете јавен превоз!
Не треба да чекаме само од некој друг да  ни ги подобри условите за живеење. За животната средина и нејзиниот квалитет сме заслужни и ние! Затоа, купете си велосипед и користете го. Добивките се пред се економски, но истото тоа ќе придонесе за драстично намалување на емисијата на гасови. Во превод, ќе ги нема. Исто така, за кратки релации до 2 километри, не го палете автомобилот доколку навистина не морате. Прошетајте се, ќе трае најмногу 25 минути, некогаш можеби и пократко отколку со автомобил (10 минутно вртење по пребукираните паркинзи во Центар?)!!! А за подолги релации, качете се во автобус. Многу е поевтино отколку со автомобил, а на крајот на краиштата и посоцијално!
 
Да се забрани увозот на половни автомобили од странство без Euro 5 норми
Наместо големите лимузини кои се внесуваат од странство, да гледаме повеќе нови, мали, градски автомобили, кои се многу поевтини за одржување и многу помалку ја загадуваат околината. Ако веќе се внесува од странство, нека бидат тоа возила со Euro 5 норми! Еве, годинава, како и неколку години претходно, ќе се увезат преку 30.000 возила од странство (во 2010 беа увезени 51.399!), сите со загадување далеку над дозволеното во Европа. Ова е многу голема бројка!
 
Неколку кратки совети доколку веќе морате со автомобил
Ако нема друго решение и ако мора да се запали автомобилот, еве и неколку предлози (заповеди!) за во зима:
 
- Нема потреба од загревање во место, само си го загадувате дворот. Неколку секунди се доволно и може да се тргне. Моторот ќе се загрее во возење (без премногу стискање, сепак). Ако има снег, исчитете го автомобилот па после стартувајте го;
- Редовно менувајте го маслото и филтерот за масло - придонесува за намалување на честичките при горење на горивото;
- Редовно менувајте ги филтрите за воздух и грижете се за нивната исправност;
- Забрзувајте полека и мазно и не возете пребрзо, барем во градски услови (издувување надвор од град!);
- Не оставајте автомобилот предолго да работи во место. Всушност, на семафори кои траат преку 60 секунди, изгасете го моторот;
- Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците и уверете се дека е на препорачаното ниво;
 
Нека ви бидат овие совети заповед, бидејќи и Вие самите го дишете истиот воздух!




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Колумна



 
 
 
 






Одберете нов автомобил