Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Официјално претставен новиот C-Class
 
Spodeli
16 December 2013, 20:15


Официјално претставен новиот C-Class Mercedes-Benz C-Class Официјално претставен новиот C-Class
Префинет дизајн, одлична аеродинамичност, економични мотори, новата C-Class повторно поставува станадарди во својата класа и најавува ново поглавје во успешната приказна на Mercedes Benz...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Некогаш позната како "baby Benz", Mercedes C класата беше прилично засенета од продажбата на хитот CLA. Но, во секој случај грешно е да се помисли дека Mercedes би се откажал од својата C-Class - покрај се’ тоа е најпродаваната линија на германскиот производител. Имено, од претставувањето на тековната C-Class во 2007 година, Mercedes има продадено околу два и пол милиони примероци низ целиот свет. Сега дојде време за нов модел...

Новата C - Class не само што е полуксузна и поелегантна од претходниот модел, исто така, може да се пофали и со најнови безбедносни системи. Ова изгледа сосема логично, доколку се земе предвид фактот дека како што е CLA стилизиран во манир на помала верзија од CLS, така C-Class всушност претставува смалена верзија на S-Class, што пак важи за еден од технолошки најнапредните автомобили на пазарот. Во новиот модел се интегрирани следниве функции: систем за насочување на вниманието, систем за адаптивно кочење, систем за превенција од судари, систем за асистенција при управувањето, систем за асистенција при паркирање, активен систем за задржување на правецот во сообраќајната лента, камера со ротација од 360 степени, функција за препознавање на сообраќајните знаци и сигнализација за движење во спротивна насока.

 

И покрај подолгата (вкупно 4.686 mm) и поширока (вкупно 1.810 mm) форма, новата C-Class сепак е за 100 килограми полесна од својот претходник. Во однос на дизајнот треба да се напомене дека C-Class промовира прогресивен пристап со препознатлив изглед на маската и фарови во стил на E-Class и А-Class. Исто така, моделот се одликува и со раскошен капацитет на багажникот, односно цели 480 литри. 

Со цел да се подобри безбедноста, во новата изведба е зголемен бројот на воздушните перничиња, па така сега се вградени и перничиња во пределот на карлицата за патниците на предните седишта, заштитни перничиња за колената на возачот, на прозорците, како и безбедносни перници за заштита на рамото поставени на краевите од задните седишта. Купувачите ќе имаат можност да избираат меѓу три комплетно нови опции за суспензија (при што за прв пат во оваа класа е овозможена и воздушна суспензија), а тука се и двете опции за LED осветлување, поставено над стандардните халогени единици. Климатизацијата функционира во координација со GPS системот при што регулаторот за циркулација на воздух се затвора при влегување во тунел.

Важно е да се напомене дека потрошувачката на гориво во новата C-Class е намалена за цели 20 проценти без притоа да се жртвуваат перформансите на автомобилот. Кај елегантниот и луксузен ентериер највпечатлива е централната конзола каде се наоѓа 7 односно 8,4-инчен дисплеј, придружен од  "квинтет" на ретро вентили за воздух, touchpad уред за контролирање и head-Up display.

Под хаубата се нудат три мотори: 2,2-литарски 4-цилиндричен агрегат со 170 КС и 400 Nm вграден во моделот C 220 BlueTec. До 100 km/h забрзува за 8,1 секунда и во просек троши по 4 литри на 100 km, додека емисијата на CO2 изнесува само 103 g/km. Бензинскиот 1,6-литарски мотор вo моделот C 180 испорачува 156 КС и 250 Nm. Според фабричките пресметки троши пет литри на 100 km, а емисија на CO2 е 116 g/km.

Моделот C 200 е придвижуван од 2,0-литарски бензински агрегат со 184 КС и 300 Nm. До 100 km/h забрзува за 7,5 секунди и троши 5,3 литри додека емисиите на CO2 изнесуваат 123 g/km. Подоцна, во понудата ќе бидат вклучени и 1,6-литарски дизел мотор во варијанти со 115 КС и 135 Nm односно 136 КС и 320 Nm, како и 4-цилиндрични бензински агрегати со моќност од 156 - 238 КС. Нема да изостане ниту хибридна верзија: моделот C 300 BlueTec HYBRID со 4-цилиндричен дизел мотор (204 КС) и електричен мотор (27 КС) ќе има потрошувачка од само 3,9 литри. Во однос на трансмисијата ќе може да се избере помеѓу: нов 6-брзински рачен менувач односно автоматски 7G-Tronic plus, како и 4Matic погон на сите четири тркала.

Во продолжение, погледнете го најавното видео за овој модел...

Повеќе официјални фотографии погледнете во галеријата подолу...


Mercedes-Benz C-Class
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил