Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Ford го претстави европскиот Mustang
 
Spodeli
09 December 2013, 18:41


Ford го претстави европскиот Mustang Ford Mustang Ford го претстави европскиот Mustang
По речиси педесет години производство, Ford ја претстави првата европска изведба на Mustang која на клиентите од Стариот континент ќе им понуди стилски дизајн, напредна технологија и супериорни перформанси...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Европската премиера се одржа во Барселона, на посебен настан наречен "Go Further", a речиси истовремено се одржаa и премиери на три други континенти, во вкупно пет градови.

Колку за потсетување, од 1964 година, Mustang е продаден во над 9 милиони примероци и со текот на времето се здоби со статус на американска икона. Новиот Mustang ќе биде достапен во т.н. fastback и cabrio изведба. Покрај многуте нови детали, автомобилот ги задржува своите препознатливи линии и пропорции кои ги чинат "срцето и душата на Ford".

Моделот се одликува со високо ниво на безбедност и нуди незаборавно возачко искуство, благодарение на сосема новата предна и задна суспензија. Новиот McPherson систем за суспензија лоциран во предниот дел, исто така овозможува користење на пошироки и помоќни сопирачки, па така 2,3 EcoBoost и V8 GT изведбите ќе имаат сопирачки на стандардните 19-инчни тркала.

Во поглед на моторизацијата, како што веќе споменавме, тука се реномираниот 5,0 V8 агрегат со моќност од 426 КС и 529 Nm максимален вртежен момент, како и новиот 2,3-литарски EcoBoost турбо мотор со директно вбризгување и Variable Valve Timing, кој обезбедува 309 КС и максимален вртежен момент од 407 Nm. Овие мотори ќе бидат поврзани со рачен односно автоматски менувач, што е позициониран зад воланот.

Производството ќе му биде доверено на погонот на Ford во Flat Rock, а моделот на пазарот ќе пристигне во април следната година, односно точно на педесет годишнината од почетокот на производството на оригиналниот автомобил. Цената се’ уште не е прецизно утврдена, но се очекува да достигне околу 40.000 евра.

 

Ford Mustang
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил