Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Nissan Note освои 4 ѕвезди во тестот на Euro NCAP
 
Spodeli
05 December 2013, 18:39


Nissan Note освои 4 ѕвезди во тестот на Euro NCAP Nissan Note Nissan Note освои 4 ѕвезди во тестот на Euro NCAP
Во најновата серија тестови за безбедност спроведени од страна на организација Euro NCAP, беа вклучени дури 11 автомобили, од кои шест модели ги добија максималните пет ѕвезди, додека останатие завршија со скор од 4 ѕвезди...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Меѓу автомобилите кои освоија 4 ѕвезди се позиционираше и новиот Nissan Note, малиот градски семеен автомобил. Базиран е врз платформата V од Nissan, која ја споделува со тековната генерација на моделот Micra (што исто така освои 4 ѕвезди на тестирањето од 2010 година). Новиот Note во четирите засебни категории од тестирањето го постигна следниот скор: 86% во заштитата на возрасни патници, 82% во заштита на деца, 58% во поглед на безбедноста на пешаците и 70% кај системите за асистирање при возењето.

Од Euro NCAP потенцираат дека Nissan Note покажал минимално ниво на заштита на вратот и 'рбетот на патниците и се наведува дека оската на упавувачот и централната конзола во внатрешноста на автомобилот, можат да нанесат сериозни повреди во случај на судар. Покрај тоа, се истакнува дека на возачот нејасно му се сигнализира исклучокот на воздушно перниче на совозачкото седиште, што може да влијае на безбедноста при сместувањето на детски седишта во автомобилот.

Предниот браник нуди максимална заштита при налет на пешаци, но работ од хаубата, долниот раб на шофершајбната и кровните носачи претставуваат опасни точки во поглед на безбедноста на пешаците. На крајот, во соопштението се наведува дека серискиот ESP систем кај новиот Nissan Note ги задоволува очекувањата на Euro NCAP, но и дека сигнализацијата за откопчан безбедносен појас се однесува само на предните седишта.


Nissan Note
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил
 
 
Moже да ве интересира и...
 
Ford B-MAX Се гаси Ford B-Max
Инфо
Се гаси Ford B-Max
Fiat 500L Рестилизиран FIAT 500L
Новитет
Рестилизиран FIAT 500L
Opel Meriva Се очекува наследник на Opel Meriva
Новитет
Се очекува наследник на Opel Meriva
Fiat 500L  Fiat 500L, веќе од 10.990 евра
Маркет / Бизнис
Fiat 500L, веќе од 10.990 евра