Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Награди > Новиот CITROËN C4 Picasso прогласен за најдобар увезен моноволумен во Германија
 
Spodeli
02 December 2013, 00:07


Новиот CITROËN C4 Picasso прогласен за најдобар увезен моноволумен во Германија Citroën C4 Picasso - old Новиот CITROËN C4 Picasso прогласен за најдобар увезен моноволумен во Германија
По признанијата од магазините Auto Motor und Sport и Auto Bild, новиот CITROËN C4 Picasso повторно е награден во Германија...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Автомобилот на 26 ноември во Дизелдорф беше прогласен за „Најдобар увезен моноволумен“, награда доделена од читателите на Auto Zeitung, еден од најголемите германски магазини за автомобили. Оваа нова награда го потврдува успехот на моделот, досега продаден во 45.000 примероци.

Новиот C4 Picasso е награден повеќепати во Европа што е доказ за неговиот успех. Во Австрија ја доби наградата „Златен волан“ од читателите на магазинот Auto Bild, а потоа и Autorevue Award 2013 во категорија на моноволумени, од читателите на автомобилскиот магазин Autorevue. Неодамна, беше избран за „Најубав моноволумен во 2013 година“ на церемонијата Autonis, организирана од германскиот магазин Auto Motor und Sport. Потоа се закити со наградата Volant d’Or, доделена од европските читатели на групацијата магазини за автомобили Auto Bild и Bild am Sonntag. На 19 ноември во Франција го доби трофејот за „Такси на годината 2013/2014“ од редакцијата на Officiel du Taxi, која наградува возила најдобро прилагодени за професијата такси возач. Во Ирска, ја освои наградата Continental Irish Car of the Year 2014 во категорија Compact Family Car, која се доделува од страна на 28 членови на IMWA (Irish Monitoring Writers Association).

CITROËN C4 Picasso привлекува со своите бројни адути: моќен и изразен стил, ентериер во духот на loft, технологии во служба на удобноста и ефикасни мотори меѓу кои се издвојува новиот агрегат BlueHDi 150 што ги задоволува Euro 6 стандардите и располага со SCR (Selective Catalytic Reduction), технологија која гарантира значително намалување на емисија на NOx (-90%), паралелно со непречено намалување на емисијата на CO2.

 

Citroën C4 Picasso - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Награди



 
 
 
 






Одберете нов автомобил