Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > SUV и MPV модели се иднината на Mitsubishi
 
Spodeli
27 November 2013, 01:44


SUV и MPV модели се иднината на Mitsubishi  SUV и MPV модели се иднината на Mitsubishi
На саемот за автомобили во Токио, Mitsubishi претстави три концепт автомобили: GC-PHEV, Concept AR и XR-PHEV односно два SUV и еден MPV / SUV концепт...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Меѓутоа, оваа информација не се темели само врз основа на промовираните студии, кои во блиска иднина треба да ги видиме и во сериско производство, туку станува збор за општа најава на идната развојна политиката на марката.

Всушност, во последно време се шират инсајдерски информации според кои Mitsubishi во иднина ќе се фокусира на развој на SUV и MPV модели, додека остатокот од својата понуда ќе го креира како резултат на соработката со други производители. Поконкретно, развојот на останатите автомобили, најверојатно ќе биде под покровителство на неодамна најавеното партнерство со Renault-Nissan алијансата.

Така, со текот на времето, Mitsubishi би требало да прерасне во специјализиран производител на SUV, crossover и MPV автомобили. Раководството на компанијата верува дека во овие сегменти можат да понудат возила со најдобар квалитет, кои не само што ќе бидат рамноправни на пазарот, туку и ќе ја засенат конкуренцијата.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил